Либешево
село Гърция, Западна Македония From Wikipedia, the free encyclopedia
село Гърция, Западна Македония From Wikipedia, the free encyclopedia
Либешево (грчки: Άγιος Ηλίας, Агиос Илијас; до 1927 година Λιμπίσοβο, Либисово[2]; до 1949 Αϊλιάς, Ајлијас[3]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 10 жители (2021). Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.[4]
Либешево Άγιος Ηλίας | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°21′N 21°12′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костур |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | м | 1.000
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 10 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото лежи западно од селото Жиковишта и југоисточно од селата Долени и Мангила на надморска височина од 1 000 м. Припаѓа на групата македонски села од Костенаријата. Атарот на селото е мал, околу 6 квадратни километри.
Кон крајот на XIX век Либешево е чисто македонско село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Либешево е забележано како село со 350 жители Македонци.[5]
За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е променето во Ајлијас, а во 1949 година во Агиос Илијас.
Меѓу двете светски војни доста жители од селото емигрирале во прекуокеанските земји заради сиромаштијата, но и заради малтретирањето од страна на грчките власти.
За време на Граѓанската војна селото настрадало, било напаѓано од вооружени банди и монархистите. Сепак, селото не се распаднало.
Движењето на населениото по години е следното:[4]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 224 | 85 | 90 | 56 | 121 | 88 | 42 | 8 | 10 |
Населението во селото произведува жито и компири, а во помала мера се занимава и со сточарство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.