Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Летните олимписки игри во Антверпен се одржале во 1920 година и биле официјално седми, но фактички шести одржани олимписки игри. Тоа е поради броењето и на неодржаните Летни олимписки игри во Берлин во 1916 година. Организацијата на игрите била доделена на градот Антверпен во чест на жртвите и насилството на белгискиот народ за време на Првата светска војна. Друга можност била игрите да се одржат во Будимпешта.
Игрите не биле одржани во Берлин што требало но не се случило 4 години пред тоа како казна за земјите губитнички во Првата светска војна поради нарушувањето на светскиот мир. На таа одлука многу влијаеле и одлуките од Версајскиот договор.
Организацијата на игрите била доделена на градот Будимпешта кој во трката ги победил Амстердам и Лион, но бидејќи Австроунгарија била сојузник на Германија и била поразена во војната и таа се соочила со истата казна како и Берлин.
На Летните олимписки игри - 1920 во Антверпен учествувале 29 нации, за една повеќе од оние во Стокхоилм во 1912 година. Германија, Австрија, Унгарија, Бугарија и Турција не учествувале бидејќи ја загубиле Првата светска војна и го нарушиле светскиот мир. Од новосоздадените држави се натпреварувале само Естонија и Чехословачка на местото од Бохемија. Кралството СХС, Бразил и Монако дебитирале на Олимписките игри, а за првпат самостојно настапил и Нов Зеланд по заедничкото учество со Австралија во 1908 и 1912 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.