Кифхојзер (округ)
округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
округ во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Кифхојзер (германски: Kyffhäuserkreis) — округ во северниот дел на покраината Тирингија, Германија. Соседни окрузи се окрузите Мансфелд-Јужен Харц, Зале и Бургенланд во Саксонија-Анхалт и окрузите Земерда, Унштрут-Хајних, Ајхсфелд и Нордхаузен.
Во XII век постоел замок на планинскиот масив Кифхојзер, кој бил изграден во текот на владеењето на императорот Фридрих Барбароса. Според локалната легенца, императорот не умрел, туку продолжил да спие во овој замок.
Од 1579 областа потпаднала кон територијата на Саксонија, а по 1815 била поделена помеѓу пруската покраина Саксонија и Шварцбург-Зондерсхаузен.
Во 1952 биле основани двата округа Артерн и Зондерсхаузен. Овие окрузи биле споени во 1994 година со одредени мали промени, кога некои општини припаднале на други окрузи.
Округот е именуван по планинскиот масив „Кифхојзер“. Главна река во округот е Унштрут, која тече низ источниот дел на округот.
Главен симбол на грбот е лавот на грофовите од Шварцбург, кои историски гледано најмногу владееле со територијата на округот. Лавот држи штит на кој е претставен грбот на грофовите од Мансфелд, кои ја поседувале областа околу Артерн во 18 век. Трите зелени ридови во долниот дел го симболизираат планинскиот пејзаж со многу шума, големата брановита линија постои за реката Унштрут, додека малата за реката Випер. |
Општински заедници | ||
---|---|---|
1. Гројсен | ||
1седиште на општинската заедница;2град |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.