село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Кесендре (понекогаш: Ќесендре) — село во Општина Кавадарци, во нејзиниот северозападен дел. Денес нема жители.[2]
Кесендре | |
Координати 41°23′36″N 21°49′56″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Раец |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1423 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11020 |
Надм. вис. | 773 м |
Кесендре на општинската карта Атарот на Кесендре во рамките на општината | |
Кесендре на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Раец, западно од Кавадарци. Лежи на рамнината во северното подножје на Кобиларник, лево и високо над долината Курит. Тука се наоѓаат селската чешма и изворот Глава, а нешто подалеку од селото, под отсекот на Бурински Рид, има врел извор од кој потекува Желишка Река.[3]
Подрачјето на Кесендре е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта југоисточно и североисточно од селото.[4]
Селото е основано во почетокот на XIX век во атарот на средновековното село Желиште (на турски: Девол Касабаси), уништено од Османлиите во една буна во средината на XVIII век. Урнатините на Желиште се наоѓаат до изворот на Желишка Река. Кај изворот се наоѓа и наоѓалиштето Црквиште, кое пак е остаток од населба со некропола од доцната антика, и каде се најдени грчки натписи.[3]
Во XIX век Кесендре било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Димитрија“ е подигната во 1896, а иконите се изработени во 1898 г.[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кесендре имало 155 жители, сите Македонци христијани.[6][7]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кесендре (Kessendré) имало 136 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[8]
Главно занимање на жителите било земјоделството и сточарството. Во текот на 1970-тите бројот на жители почнал нагло да опаѓа поради раселување во околните места и градот Кавадарци, за да биде целосно напуштено во некаде во 1990-тите.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, селото Кесендре немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | 136 | 244 | 259 | 230 | 158 | 51 | 7 | 9 | 0 | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.