Маево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маево (бислама: Maewо), поранешно име Аурора, е остров во покраината Пенама, во Вануату. Островот е на 105 километри источно од Еспириту Санто.
Местоположба на Маево. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 15°10′S 168°10′E |
Архипелаг | Вануату |
Површина | 269 км2 |
Највисоко место | 795 м |
Држава | |
Vanuatu | |
Покраина | Пенама |
Демографија | |
Население | 3,569 (2009) |
Етнички групи | Вануаќани |
Географија
Островот се наоѓа северно од Пентекост и источно од Амбае. Островот е долг 47 километри а широк 6 километри. Вкупната површина на островот е 268 км2. Највисока точка на островот е 795 метри надморска висина. Според податоците од пописот од 2009 година, на островот живееле 3.600 луѓе.[1] Островот е прекриен со густа вегетација.
Маево е остров со најмногу врнежи во Вануату. Островот е со густа и зелена вегетација. Врнежите овозможуваат островот да има доста големи извори на питка вода. Има и топлински извори. На Маево има и водопади, најголем е каскадниот водопад во близина на аеродромот во северниото дел на островот.
Климата на островот е тропска со просечни годишни врнежи од 3500 мм. Има две годишни сезони, дождлива сезона од ноември до април и сушна сезона од мај до октомври.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.