Remove ads
град во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Капелн (германски: Kappeln; дански: Kappel) — мал град на полуостровот Ангелн, во округот Шлезвиг-Фленсбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северниот брег на фјордот Шлај, околу 30 километри североисточно од градот Шлезвиг и 35 километри југоисточно од Фленсбург.
Капелн | |
Главниот градски плоштад со црквата „Св. Никола“ | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Шлезвиг-Фленсбург |
Градоначалник | Хајко Траулсен |
Основни податоци | |
Површина | 43,32 км2 |
Надм. височина | 9 м |
Население | 8.607 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 199 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SL |
Пошт. бр. | 24376 |
Повик. бр. | 04642, 04644 |
Портал | www.stadt-kappeln.de |
Местоположба на градот Капелн во рамките на округот Шлезвиг-Фленсбург | |
Координати | 54°39′41″N 9°55′52″E |
За источниот дел на полуостровот Ангелн и северниот дел на полуостровот Шванзен, градот има средишна функција. Градот на Шлај е рибарско место и до 2006 година во градската единица Олпениц се наоѓала касарна на германската војска.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Капелн-Ланд, иако самиот град не претставува дел од заедницата.
Кон градот Капелн припаѓаат местата Мелби, Дотмарк, Зандбек, Штутебил, Еленберг, Олпениц и Коперби.[2]
Градот бил првпат споменат во 1357 година.
Капелн е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.