Монах
From Wikipedia, the free encyclopedia
Монах[1] или калуѓер[2] — лице кое по сопствена волја стапило во манастир. Зборот монах потекнува од старогрчки: μοναχός, односно од μόνος, што значи „еден“. Зборот, пак, калугер потекнува од καλό(ς)-γῆρος, што значи „добар старец“.
Монаштвото во христијанството

Монасите се појавиле за време на гонењето на христијаните при што некои толку свикнале на одвоен живот од другите луѓе, што и понатаму останале во пустините. Постојат два вида монаштво: анхоретски или пустински; и општожитие. Како основачи на монаштвото се сметаат св. Антониј Велики и св. Пахомиј Велики. Пред замонашувањето се поминува извесно време во послушание (искушеништво), задолжително под надзор на некој духовен отец. Потоа, искушеникот се постригува во мала схима и така станува монах. Поради огромниот углед на монасите, епископите ги земаат за свои советници (наречени сингели или протосингели) и од нив се бираат кандидатите за епископ од монасите. Монасите полагаат три завети при замонашувањето: сиромаштво, безбрачност и беспрекорно послушание. Главниот монах во манастирот се вика игумен, а во поголемите манастири тој се вика рхимандрит. исто така, и кај монасите постојат степени на напредувања, како: свештеноѓакон (јероѓакон), свештеномонах (јеромонах) итн. Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога христијанството било прогонувано од византиските цареви или од другите владетели, монасите се јавувале како бескомпромисни борци за верата и голем од нив пострадале во маченичка смрт.
Монасите како мотив во уметноста и во популарната култура
- „Просветлениот нос“ — краток расказ на македонскиот писател Живко Гроздановски.[3]
- „Песните на еден калуѓер“ (српски: Песме једног калуђера) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[4]
- „Монах стои пред портите манастирски“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[5]
- „Епитаф на монах Теодор от Гари“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[6]
- „Монахот од Кучевиште што создава ружи“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[7]
- „Монах стои пред портите манастирски“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[8]
- „Сонот на монахот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[9]
- „Запис“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[10]
- „Откачени калуѓери“ (англиски: Funky monks) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[11]
- Милосрдни сестри (англиски: The Sisters Of Mercy) — англиска рок-група, основана во 1980 година.[12]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.