список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на византиските владетели поделени според династија.
Константин I Велики (Constantinus Pius Felix Invictus Augustus Pontifex Maximus Pater Patriae Proconsul) (272 - 337, владеел 306 - 337) – син на Константиј Хлор; прогласен за светител
Роман I Лакапин (Ρωμανός Α' ο Λεκαπηνός) (870 - 948, владеел 919 - 944) – свекор на Константин VII; совладетел
Роман II (Ρωμανός Β' ο Πορφυρογέννητος) (939 - 963, владеел 959 - 963) – син на Константин VII
Никифор II Фока (Νικηφόρος Β' Φωκάς ή Νικηφόρος Β' ο Φωκάς) (912 - 969, владеел 963 - 969) – Византиски стратег; се оженил со вдовицата на Роман II, намесник на Василиј
Јован I Цимискиј (Ιωάννης Α' Κουρκούας ο Τσιμισκής) (925 - 976, владеел 969 - 976) – шура на Роман II, љубавник на Никифоровата жена, намесник на Василиј
Никифор III Вотанијат (Νικηφόρος Γ' Βοτανειάτης) (1001 - 1081, владеел 1078 - 1081) – стратег на Анадолската тема и наводен потомок на фамилијата Фока, бигамски се оженил со жената на Михаил VII
Алексиј I Комнин (Αλέξιος Α' Κομνηνός) (1057 - 1118, владеел 1081 - 1118) – внук на Исак I, оженет со правнуката на Константин X
Михаил VIII Палеолог (Μιχαήλ Η' Παλαιολόγος) (1224 - 1282, владеел 1259 - 1282) – Византиски стратег и регент на Јован IV Ласкариса, правнук на Алексиј III Ангел;