Remove ads
град во Турција From Wikipedia, the free encyclopedia
Измит (турски: İzmit, грчки: Νικομήδεια, Nicomedia) е град во Турција, административен центар на провинцијата Коџаели и на општината Коџаели. Сместен е на заливот на Измит (со древно име Астак) во Мраморното море, околу 100 км источно од Истанбул, во северозападниот дел на Анадолија. Центарот на градот има 300.611 жители според пописот од 2011. Во покраината (вклучувајќи ги руралните средини) има околу 1.459.772 жители. На ова место се наоѓал древниот град Никомедија — еден до најзначајните во источниот дел на Римското Царство помеѓу 286 и 324 г.
Mестоположба | |
---|---|
Измит на картата на Турција | |
Општи податоци | |
Име - изворно |
Измит İzmit |
Поштенски број | 41ххх |
Повикувачки број | (+90) 262 |
Портал | Кочаели |
Управа | |
Земја | Турција |
Градоначалник | Ибраим Караошманоглу (АКП) |
Географија | |
Површина | 855.00 км2 km² |
Население | |
Население | 300,111 жители година: |
Густина | 403.5/км2 ж./km² |
Геолошката локација на Измит е помеѓу 40°-41° N и 29°-31° E опкружен со заливот на Измит на југ, Истанбул и Мраморното море на запад, Црното Море на север и Сакарја на исток.
Градот е главно изграден на падините на ридот поради тесната област, додека рамни низини се наоѓаат околу заливот во близина на морето.
Измит има влажна суптропска клима со значителни поморски и континентални влијанија. Летата се топли и влажни, просечната максимална температура е околу 29 °C во јули и Август. Иако температурите обично надминуваат 30 °C во јуни, Јули, Август и дури и Септември. Во зима минималната просечна температура е околу 3 °C во јануари.
Климатски податоци за İzmit | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 9.6 (49.3) |
10.5 (50.9) |
13.2 (55.8) |
18.4 (65.1) |
23.1 (73.6) |
27.5 (81.5) |
29.4 (84.9) |
29.3 (84.7) |
25.8 (78.4) |
20.6 (69.1) |
15.7 (60.3) |
11.4 (52.5) |
19.54 (67.18) |
Сред. дневна °C (°F) | 6.2 (43.2) |
6.5 (43.7) |
8.6 (47.5) |
13.0 (55.4) |
17.4 (63.3) |
21.8 (71.2) |
23.8 (74.8) |
23.6 (74.5) |
20.1 (68.2) |
15.9 (60.6) |
11.5 (52.7) |
8.2 (46.8) |
14.72 (58.49) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.4 (38.1) |
3.4 (38.1) |
5.0 (41) |
8.8 (47.8) |
12.8 (55) |
16.9 (62.4) |
19.2 (66.6) |
19.4 (66.9) |
16.0 (60.8) |
12.5 (54.5) |
8.3 (46.9) |
5.4 (41.7) |
10.93 (51.65) |
Прос. врнежи мм (ин) | 91.3 (3.594) |
74.9 (2.949) |
72.0 (2.835) |
55.3 (2.177) |
45.9 (1.807) |
50.4 (1.984) |
39.2 (1.543) |
54.2 (2.134) |
50.6 (1.992) |
94.5 (3.72) |
87.2 (3.433) |
107.8 (4.244) |
823.3 (32.412) |
Прос. бр. дождливи денови | 16.9 | 15.5 | 13.6 | 11.9 | 9.7 | 8.6 | 6.2 | 6.5 | 7.6 | 12.4 | 13.3 | 16.5 | 138.7 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 71.3 | 78.4 | 124 | 162 | 223.2 | 267 | 282.1 | 266.6 | 207 | 142.6 | 102 | 74.4 | 2.000,6 |
Извор: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü [1] |
Измит е важен индустриски центар каде што се наоѓа и голема нафтена рафинерија и има повеќе цементарници. Во Измит исто така фабрика има Форд во заедничко вложување со Отосан.
Во изминатите неколку години провинцијата стана центар за автомобилска индустрија во Турција. Денеска, провинцијата Кочаели привлече повеќе од 1200 индустриски вложувања и 108 со интернационален капитал, во Кочаели е сместено исто така и најголемото Турско претпријатие Тупрас Петролеум.
Универзитетот во Кочаели во градот е основан во 1992, и има повеќе од 50,000 студенти.
Измит е збратимен со
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.