Зашле
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia
Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Зашле | |
Поглед на селото Зашле | |
Координати 41°22′20″N 21°08′35″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 12 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10017 |
Надм. вис. | 1233 м |
Слава | Илинден Ѓурѓовден[2] |
Зашле на општинската карта Атарот на Зашле во рамките на општината | |
Зашле на Ризницата |
Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.[3]
Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.[3]
Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).
Во селото има две прекрасни природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.
Од 1996 година патот е целосно асфалтиран[4], има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои за жал сега се напуштени.
Во XIX век, селото Зашле било дел од Битолската каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.[4]
Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зашле се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 63 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 280 | 320 | 414 | 453 | 402 | 201 | 103 | 52 | 48 | 42 | 12 |
Зашле е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[15]
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Во селото постои избирачкото место бр. 650 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[17]
До 1951 година од селото имало иселеници во САД (1 семејство), Србија (11 семејства, во Јабука, Белград, Стари Бечај, Рума и во Крагуевац), Романија (4 семејства), Крушево (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства). По иселувањето на муслиманите од селото Кочиште неколку семејства од Зашле се населиле во тоа село.[15]
После 1960 година голем број од населението е иселено во Скопје, Демир Хисар, Битола, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.[26]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.