From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан-Филип Матета (роден на 28 јуни 1997) — француски фудбалер, напаѓач на Кристал Палас.
Жан-Филип Матета | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Жан-Филип Матета[1] | ||
Роден на | 28 јуни 1997[2] | ||
Роден во | Севран, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[3] | 1,92||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кристал Палас | ||
Број | 14 | ||
Младинска кариера | |||
Олимпик де Севран | |||
ФК Севран | |||
Дренси | |||
Шатору | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015-2016 | Шатору 2 | 13 | (7) |
2015-2016 | Шатору | 26 | (13) |
2016-2017 | Олимпик Лион 2 | 15 | (5) |
2016-2018 | Олимпик Лион | 2 | (0) |
2017-2018 | → Ле Авр | 35 | (17) |
2018-2021 | Мајнц 05 | 67 | (24) |
2021- | Кристал Палас | 93 | (24) |
Репрезентација ‡ | |||
2017 | Франција 17 | 3 | (1) |
2018-2019 | Франција 21 | 11 | (2) |
2024- | Франција (олимп.) | 2 | (2) |
* Ажурирано на: 22 април 2017 ** Ажурирано на: 12 ноември 2016 |
Матета е роден во Севран, предградие на Париз, од татко од ДР Конго[4] и мајка французинка.[5] Неговиот татко бил поранешен професионален фудбалер, кој играл во Конго и во Лиеж, Белгија.[6]
Матета е централен напаѓач, амбидекстер, технички вешт и физички силен, со одлично чувство за гол.[7]
Израснат во младинскиот сектор на Дранси, во 2014 година се преселил во Шатору, клуб со кој го направил своето професионално деби на 6 ноември 2015, во натпреварот од националното првенство против АСМ Белфорт. На 6 јануари 2016 година, тој го потпишал својот прв професионален договор со клубот во траење од три години.[8] По одличната деби-сезона, во која постигнал 11 гола на 22 натпревари во третото фудбалско ниво на Франција, тој го привлекол вниманието на многу други екипи и наскоро го напуштил Шатору.
Откако продолжил со одличната форма и на почетокот на следната сезона, постигнувајќи два гола во четири натпревари во првенството плус хет-трикот во победата со 5-2 над Ле Авр во Лига купот на Франција на 23 август 2016, во септември, Матета потпишал петгодишен договор со прволигашот Олимпик Лион, кој му платил на Шатору надомест од 2 милиони евра плус дополнителни 3 милиони евра во бонуси. Шатору, исто така, задржал право на 20% од следната продажба на играчот.[9][10]
Матета го направил своето деби за Лион во Лига 1 на 21 септември 2016 година, влегувајќи како замена во 76-тата минута на местото на Максвел Корне во победата со 5-1 на домашен терен над Монпеље.[11] Куриозитет е тоа што, својот следен натпревар за Лион го одиграл четири месеци подоцна во Купот на Франција, повторно против Монпеље, повторно заменувајќи го Корне и повторно во 76-тата минута од натпреварот во кој овојпат Лион славел победа со 5-0 на домашен терен.[12] На 23 април 2017 година, за време на првенствениот натпревар против Монако, тој го забележал својот прв почеток во стартната постава на Лион во некој натпревар, пред да биде заменет од Матје Валбуена во 65-тата минута од поразот со 2–1 на домашен терен.[13]
Не можејќи да најде повеќе простор за игра во дресот на Лион, забележувајќи само три настапи за време на сезоната 2016-2017, во јули 2017 тој се преселил во Ле Авр на позајмица до крајот на сезоната.[14] Иако не успеал во главната мисија, да му помогне на клубот да дојде до промоција во првата француска дивизија, Матета одиграл одлична сезона, постигнал 19 гола во 37 натпревари во Лига 2 во текот на сезоната 2017-2018.[15]
На 29 јуни 2018 година, Матета потпишал четиригодишен договор со Мајнц 05,[16] станувајќи најскапото засилување во историјата на клубот.[17] Дебитирал за клубот на 18 август во победата со 3-1 над Ерцгебирге Ауе во Купот на Германија, играјќи од почетокот до 58-мата минута кога бил заменет од Робин Кваизон. Своето деби во Прва Бундеслига го направил на 26 август, играјќи 67 миинути во победата со 1-0 на домашен терен над Штутгарт. Својот прв гол го постигнал во третиот натпревар за клубот, кога ја погодил мрежата на Нирнберг во ремито 1-1. Првата сезона во дресот на Мајнц ја завршил како најдобар стрелец на клубот со 14 постигнати голови во Бундеслигата, вклучувајќи го и хет-трикот во победата со 4-0 над Фрајбург на домашен терен.[18]
Следната сезоната, не била толку успешна за него бидејќи претрпел повреда на менискусот во коленото за време на предсезонските подготовки поради која морал да биде подложен на операција. Поради оваа причина, тој морал да ги пропушти првите четири месеци од сезоната, враќајќи се во акција дури во средината на декември 2019.[19] Во сезоната, која пропратно била прекината и од пандемијата на КОВИД-19, тој постигнал само 3 гола во 18 првенствени натпревари. Затоа пак, во првата половина на сезоната 2020-2021, тој покажал дека одново е во добра форма постигнувајќи 7 гола во 15 натпревари во лигата. Исто така, тој постигнал два хет-трика: првиот на 11 септември 2020, во победата со 5-1 на гостувањето кај нисколигашот Хавезе во Купот на Германија, а потоа го постигнал и својот втор хет-трик во Бундеслигата на 22 ноември 2020, повторно против Фрајбург, во победата со 3-1 на гости што бил првиот беспрекорен хет-трик (гол со лева, десна нога и глава) на еден играч на Мајнц во историјата на Бундеслигата.[20]
На 21 јануари 2021 година, Матета се преселил во англискиот клуб Кристал Палас на 18-месечен заем.[21] Кристал Палас наводно платил 3 милиони евра за позајмицата и обезбедил опција за трајно ангажирање на Матета за дополнителни 15 милиони евра.[22] Своето деби го направил на 8 февруари, во поразот со 2–0 на гостувањето кај Лидс Јунајтед во Премиер лигата.[23] На 22 февруари 2021 година, Матета го постигнал својот прв гол за Палас, а воедно и во Премиер лигата, сместувајќи ја топката во мрежата со пета, во победата со 2–1 на гостувањето кај Брајтон енд Хоув Албион.[24] На 31 јануари 2022 година, Кристал Палас го купил Матета потпишувајќи постојан договор со францускиот напаѓач.[25]
За време на сезона 2022–2023, Матета бил ограничен на само шест првенствени натпревари во почетната постава на Кристал Палас, затоа што неговиот сонародник Одсон Едуар бил претпочитан како стартен напаѓач на тимот. На 1 април 2023 година, Матета влегол од клупата и го постигнал победничкиот погодок во последните секунди од натпреварот против Лестер Сити, со што ја завршил црната серија на Палас од тринаесет натпревари без победа во Премиер лигата по враќањето на Рој Хоџсон во клубот, а воедно ја завршил и личната серија од 28 настапи без постигнат гол.[26]
Матета ја отворил својата голгетерска сметка за сезоната 2023–2024 на 29 август, постигнувајќи го својот прв хет-трик за Кристал Палас во победата со 4-2 над Плимут Аргајл во второто коло од Лига купот.[27] Откако постигнал гол во два натпревари едноподруго против Манчестер Сити и Ливерпул во декември 2023 година, Матета бил вратен во стартната постава по назначувањето на новиот менаџер, Оливер Гласнер, во февруари 2024 година. Откако одново бил на теренот за време на почетниот судиски свиреж, тој постигнал четири гола во првите шест натпревари на Гласнер, со што неговиот голгетерски учинок станал двоцифрен, нешто што му успеало за првпат по доаѓањето во Кристал Палас.[28] Во април 2024 година, тој постигнал по два гола во победите против Вест Хем Јунајтед и Њукасл Јунајтед; последователно бил номиниран за Играч на месецот во Премиер лигата за прв пат во неговата кариера.[29]
На 6 мај, тој постигнал гол во победата со 4-0 над Манчестер Јунајтед, со што станал првиот играч во Премиер лигата кој постигнал гол на секој од првите шест домашни натпревари на еден менаџер на некој клуб уште од Алан Ширер за Кевин Киган во 1997 година, како и првиот играч на Кристал Палас кој постигнал гол во шест последователни натпревари на домашен терен во првата лига, соборувајќи го рекордот на Марк Брајт од пет.[30][31] Следниот ден, Матета бил избран за Играч на годината на клубот, со што станал првиот француски добитник на наградата.[32] На 19 мај, Матета го постигнал својот прв хет-трик во Премиер лигата за клубот, што бил само втор хет-трик од играч на Палас во историјата на клубот и прв во последните девет години, во победата со 5-0 над Астон Вила, помагајќи и на својата екипа да обезбеди пласман во горната половина на табелата на крајот од сезоната.[33] Матета ја завршил сезоната како најдобар стрелец на Кристал Палас со 16 постигнати гола во Премиер лигата, што е негов личен рекорд, и со вкупно 19 гола во сите натпреварувања.
Матета бил младински репрезентативец на Франција, претставувајќи ја земјата во категориите под 17 и под 21 година. Со втората настапил на Европското првенство за играчи под 21 година 2019 во Италија и Сан Марино, каде постигнал и еден гол од пенал во полуфиналето против Шпанија, во кое триколорите загубиле со убедливи 4-1 и биле елиминирани од турнирот.
На 3 јуни 2024 година, Матета бил повикан од селекторот Тјери Анри во Олимписката репрезентација на Франција за Летните олимписките игри 2024 во Париз, како еден од трите играчи над пропишаната возраст.[34] Својот прв гол на турнирот го постигнал во третото коло од групната фаза, во победата со 3-0 над Нов Зеланд. Во четвртфиналето неговиот погодок и донел победа на Франција од 1-0 над Аргентина за пласман во полуфиналето,[35] каде пак Матета одново бил во главната улога постигнувајќи два гола за победата (3-1) со пресврт над Египет по продолженија.[36]
Статистиката е ажурирана на 19 мај 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2015-2016 | Шатору | НПФ | 22 | 11 | КФ+ЛКФ | - | - | - | - | - | - | - | - | 22 | 11 |
авг.-сеп. 2016 | НПФ | 4 | 2 | КФ+ЛКФ | 0+1 | 0+3 | - | - | - | - | - | - | 5 | 5 | |
Вкупно Шатору | 26 | 13 | 1 | 3 | - | - | - | - | 27 | 16 | |||||
сеп. 2016-2017 | Олимпик Лион | Л1 | 2 | 0 | КФ+ЛКФ | 1+0 | 0 | ЛШ+ЛЕ | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
2017-2018 | Ле Авр | Л2 | 35+2[37] | 17+2[37] | КФ+ЛКФ | 1+0 | 1+0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 20 |
2018-2019 | Мајнц | БЛ | 34 | 14 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 36 | 14 |
2019-2020 | БЛ | 18 | 3 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 3 | |
2020-јан. 2021 | БЛ | 15 | 7 | КГ | 2 | 3 | - | - | - | - | - | - | 17 | 10 | |
Вкупно Мајнц | 67 | 24 | 4 | 3 | - | - | - | - | 71 | 27 | |||||
јан.-јун. 2021 | Кристал Палас | ПЛ | 7 | 1 | ФАКуп+ЛК | - | - | - | - | - | - | - | - | 7 | 1 |
2021-2022 | ПЛ | 22 | 5 | ФАКуп+ЛК | 5+1 | 2+0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 7 | |
2022-2023 | ПЛ | 29 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 2 | |
2023-2024 | ПЛ | 35 | 16 | ФАКуп+ЛК | 2+2 | 0+3 | - | - | - | - | - | - | 39 | 19 | |
Вкупно Кристал Палас | 93 | 24 | 13 | 5 | - | - | - | - | 106 | 29 | |||||
Вкупно во кариерата | 225 | 80 | 20 | 12 | - | - | - | - | 245 | 92 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.