Ениџевардарско Езеро
исцедено езеро во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
исцедено езеро во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ениџевардарско Езеро (Пазарско Езеро или Пазарско Блато; грчки: Βάλτος Γιαννιτσών, Λίμνη Γιαννιτσών) — поранешно езеро или блато во Ениџевардарско, југоисточна Егејска Македонија, денес во Грција. Припаѓа на групата на Егејските езера. Наречено е по градот Пазар (Ениџе Вардар) крај кој се наоѓало.
Ениџевардарско Езеро Λίμνη Γιαννιτσών | |
---|---|
Карта на Ениџевардарското Езеро | |
Координати | 40.68°N 22.39°E |
Сливни земји | Грција |
Површина | км2 | 160−180
Езерото се наоѓало во низинско подрачје на 8 км јужно од градот Пазар и опфаќало 160–180 км2. Езерото имало неправилeн триаголен облик, исдолжено во југозападен правец. Се образувало од водите на реките Мегленица и Колудеј, како и од пролетните водотеци на планината Пајак. Се одликувало со голема заблатена област и поголем број мали островчиња, тешко проодни трскарници[1] полни со комарци кои ширеле маларија. Риболовот бил многу развиен. Со истиснувањето на македонското население, грчката држава почнала со негово цедење во полза на новодојденците од Мала Азија. Тоа е наполно исцедено во периодот од 1928 до 1932 г., користејќи ги услугите на американското претпријатие „Њујорк фаундејшн компани“.[2] На негово место е добиено плодно земјиште за стопански цели.[3]
Во периодот од 1903 до 1908 г. Ениџевардарското Езеро имало разни бази на четите на ВМРО кои воделе борби со Грчката вооружена пропаганда. Со помошта на месните селани, ВМРО ги изградило езерските бази уште пред почетокот на Илинденското востание. Тука останала главната база на војводата Апостол Петков, од мештаните наречен „Ениџевардарското Сонце“. Во 1907 г. четите се соочиле со заеднички напади од грчките единици и турската војска, со што биле принудени да ги напуштат базите.
Од 1904 г. по јужната граница на езерото почнале да се утврдуваат чети на грчката пропаганда, на чело со Гоно Јотов. Во 1906 г. од Грција дошле четите на Панајотис Папаѕанетејас, Михаил Анагностакос („Капетан Матапас“), Телос Агапинос („Капетан Аграс“), Јоанис Деместихас („Капетан Никифорос“) и Константинос Сарос („Капетан Калас“), а во 1907 г. и онаа на Хараламбос Папагакис („Капетан Аграфиотис“).[4]
Во Првата балканска војна, во октомври 1912 г. крај езерото се одиграла Битката за Ениџе Вардар.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.