From Wikipedia, the free encyclopedia
Едноклеточен организам е организам што се состои од само една клетка. Наспроти ова постојат многуклеточни организми кои се составени од повеќе клетки.
Вакви организми се прокариотите, највеќето протисти и некои видови на габи. Иако некои од овие организми живеат во колонии, тие сепак се едноклеточни. Организмите живеат заедички, сите клетки во колонијата се исти, но секоја од нив мора самостојно да ги извршува сите животни процеси за да опстои. За разлика од ова, дури и најпростите многуклеточни организми се состојат од клетки со посебна намена кои зависат една од друга за да можат да функционираат.
Највеќето едноклеточни организми се микроскопски во големина и затоа се сметаат за микроорганизми. Меѓутоа постојат протисти и бактерии кои се макроскопски, т.е. видливи со голо око.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.