Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2012 беше 57. натпревар за Песна на Евровизија што се одржа во Баку, Азербејџан, по победата на Елдар Гасимов и Нигар Џамал со песната Running Scared.
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Eurovision Song Contest | |
---|---|
Домаќин | Азербејџан ИТВ |
Локација | Chrystal Hall, Баку |
Презентери | Лејла Алиева, Елдар Гасимов и Наргиз Бирк-Петерсен[1][2] |
Режисер | Јан Ола Санд |
Победничка песна | Шведска Лорин, Еуфорија |
Број на земји | 42 |
Земји кои прв пат настапуваат | нема |
Земји кои се вратиле | Црна Гора |
Земји кои се откажале | Ерменија Полска |
Двете полуфиналиња се одржаа на 22 мај и 24 мај, додека главното финале на 26 мај.[3] 42 држави го потврдија учеството на изборот, со Црна Гора, која последен пат учествуваше во 2009, додека Полска и Ерменија се повлекоа од натпреварот.
Некои хуманитарни групи протестираа против насилството кон нив, кога сакаа да упатат протест против владиниот режим во Азербејџан. Ерменија се откажа од безбедносни причини поради нерешениот конфликт околу Нагорно Карабах со Азербејџан.
Дизајнот на натпреварот беше изграден под мотото "Запали го твојот оган" инспириран од прекарот "Земја на огнот", по што Азербејџан е познат. Телевоутингот се зголеми на 15 минути, користен меѓу натпреварот од 1998 до 2009, каде телефонските линии и смс пораките беа отворени од кога сите песни беа изведени. Гласовите на секоја држава беа одлучени по системот 50/50; и беа поделени меѓу телевоутинг и национално стручно жири. Ова издание на Евровизија беше победено од Лорин од Шведска со песната Еуфорија, која беше напишана од Томас Џ:сон и Питер Бостром. "Еуфорија" доби вкупно 372 бода, ставајќи ја во прва позиција. Русија заврши втора, и Србија со Жељко Јоксимовиќ заврши на трето место. Следуваа домаќинот, Азербејџан со четвртото место. Албанија го доби најдобриот топ 5 резултат, завршувајќи на петтото место. Германија, Италија и Шпанија беа трите членки од "Големата Петорка" кои се рангираа во топ 10, завршувајќи на 8мо, 9то и 10то место.[4]
Држава | Јазик | Изведувач | Песна | Превод |
---|---|---|---|---|
Албанија[5] | албански | Рона Нишлиу | Suus | „Него" |
Австрија[6] | германски (зборови на баварски дијалект) | Тракшитац | Woki Mit Deim Popo | „Ајде, мрдајго твоето Попо" |
Белорусија[7] | англиски | Litesound | We are the heros | „Ние сме Хероите" |
Белгија[8] | англиски | Ирис | Would you | „Дали Ти" |
Босна и Херцеговина[9] | српски | Маја Сар | Korake ti znam | „Чекорите ти ги знам" |
Бугарија[10] | бугарски (со зборови на англиски, арапски, италијански, француски, шпански, српски | Софи Маринова | Love Unlimited | „Неогранична Љубов" |
Хрватска[11] | хрватски | Нина Бадриќ | Небо | „Небо" |
Кипар[12] | англиски | Иви Адамоу | La la Love | „Љ љ Љубов" |
Данска[13] | англиски | Солуна Самеи | Should've know better | „Требаше да се знаеме подобро" |
Естонија[14] | естонски | От Лепланд | Kuula | „Слушај" |
Финска[15] | шведски | Пернила Карлсон | När Jag Blundar | „Сини очи" |
Грузија[16] | англиски | Анри Јокадѕе | I'm a Joker | „Јас сум Џокер" |
Грција[17][18] | англиски | Елефтериа Елефтериу | Afrodisiac | „Афродизиачно" |
Унгарија[19] | англиски | Компакт Диско | Sound of our Hearts | „Мелодија од нашите срца" |
Исланд[20] | англиски | Грета Саломе и Џонси | Never Forget | „Никој пат заборавање" |
Ирска[21] | англиски | Џедуард | Waterline | „Линија од вода" |
Израел[22] | англиски, еврејски | Изабо | Time | „Време" |
Латвија[23] | англиски | Анмари | Beautiful Song | „Прекрасна песна" |
Литванија[24] | англиски | Дону Монтел | Love is Blind | „Љубовта е Невидлива" |
Малта[25] | англиски | Курт Калеја | This is the Night | „Ова е Ноќта" |
Македонија[26] | македонски | Калиопи | Crno i Belo (Црно и Бело) | |
Молдавија[27] | англиски | Паша Парфени | Lăutar | „Виолинист" |
Црна Гора | англиски (зборови на германски и српски) | Рамбо Амадеус | Еуро Невро | |
Холандија[28] | англиски | Јоан Франка | You and Me | „Ти и Јас" |
Норвешка[29] | англиски | Тојии | Stay | „Стој" |
Португалија[30] | португалски | Филипа Соуза | Vida Minha | „Мој Живот" |
Романија[31] | шпански | Мандинга | Zaleilah | |
Сан Марино[32] | англиски | Валентина Монета | The Social Network Song (Oh Oh-Uh-Oh Oh | „Песната на друштвените мрежи (О О-У-О О)" |
Србија[33] | српски | Жељко Јоксимовиќ | Nije Ljubav Stvar | „Љубовта не е Ствар" |
Словенија[34] | словенечки | Ева Бото | Verjamem | „Верувам" |
Шведска[35] | англиски | Лорин | Euphoria | „Еуфорија" |
Швајцарија[36] | англиски | Синплус | Unbreakable | „Нескршлив“ |
Турција[37] | англиски | Кан Бономо | Love me Back | „Сакајме Пак" |
Украина[38] | англиски | Гаитана | Be My Guest | Биду мој гостин |
Држава | Јазик | Изведувач | Песна | Превод |
---|---|---|---|---|
Азербејџан[39] (домаќин) | англиски | Сабина Бабајева | When the Music Dies | „Кога Музиката Умира" |
Франција[40] | англиски, француски | Ангун | Echo (You & I) | „Ехо (Ти и Јас)" |
Германија[41] | англиски | Роман Лоб | Standing Still | „Стоејќи" |
Италија[42][43][44] | англиски, италијански | Нина Ѕили | L'Amore è Femmina (Out of Love) | „Љубовта е Жена (Надвор од Љубовта)" |
Шпанија[45] | шпански | Пастора Солер | Quedate Conmigo | „Стој со Мене" |
Обединето Кралство[46] | англиски | Енгелберт Хампердинк | Love will Set You Free | „Љубовта ќе те ослободи" |
Изведувач | Држава | Преходно учество (а) |
---|---|---|
Калиопи | Македонија | Евровизија 1996 (пред-квалификација) |
Жељко Јоксимовиќ | Србија | Евровизија 2004 (за Србија и Црна Гора) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.