Долно Орехово
село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Орехово (понекогаш само Орехово или Ореово) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Долно Орехово | |
Поглед на селото | |
Координати 41°3′51″N 21°33′42″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Новаци |
Население | 28 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7211 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02044 |
Надм. вис. | 812 м |
Слава | Тодорица |
Долно Орехово на општинската карта Атарот на Долно Орехово во рамките на општината | |
Долно Орехово на Ризницата |
Името на селото е добиено по ореовите стебла, кои биле најзабележливи во околината. Поради тие стебла, мештаните од соседните стебла го именувале селото.[2]
Селото се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, сместено во северниот дел на територијата на Општина Новаци, недалеку од десната страна на регионалниот пат 1311, кој води за Битолско Мариово.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, бидејќи лежи на југозападните огранки на Селечка Планина. Од градот Битола е оддалечено 22 километри.[3] Од општинското средиште Новаци е оддалечено 12 километри.[2]
Долно Орехово е потпланинско село, сместено на 2 километри од селото Суводол. Селото поседува мали обработливи површини, додека поголемиот дел од атарот се карпести планински пасишта. Во селото имало 5-6 бунари, како и мал кладенец. Во близина на селото извирал изворот Прогон.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кале, Цуцулка, Смеч, Орли Камен, Преслоп, Калуѓер, Корита, Пештера, Страње, Димоа Ливада, Музги, Параловски Рид, Гребен и Шуплевец.[4]
Селото има збиен тип, поделено на две маала: Горно и Долно Маало.[4]
Во месноста Шуплевец била откриена праисториска населба, каде биле вршени и заштитни ископувања од страна на битолскиот музеј. Месноста Кале или Градиште се наоѓа над селото и таму се наоѓаат остатоци на ѕидови, а мештаните велат дека таму била тврдината на крал Тољо. Тој бил крал пред да дојдат Турците. На Калето се наоѓаат и остатоци на други старини.[4]
Во пишаните извори, селото за првпат се јавува во XVII век (по 1650 г.). Најпрвин, селото било чисто христијанско словенско, но кон средината на XIX век мештаните повикале муслимански Арбанаси да им го чуваат селото. Потоа, тие Арбанаси ја зазеле земјата од христијаните и тука се населиле со семејствата. До 1912 година, нивниот број пораснал на 16 куќи. Се претпоставува и дека Арбанасите дошле тука бидејќи можеле да го контролираат патот за Мариово.[4]
За време на Првата светска војна поради големата блискост на Кота 1050, каде бил фронтот, селото било иселено и мештаните биле пренесени во селата Живојно и Бач, како и во Кавадаречко. По две години се вратиле назад, но селото било уништено. Голем број куќи и други објекти биле гранатирани и разурнати, а голем дел од стоката, предметите и општото богатство било разграбано од грчките андарти.[2]
По 1918 година, поголемиот дел од албанското население се иселил од селото и заминал во Битола или во Турција. Во селото останале само три семејства, кои биле сиромашни.[4]
Атарот е голем и зафаќа простор од 20,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.189,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 385,6 хектари, а на шумите отпаѓаат 344,3 хектари.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]
До крајот на отоманскиот период, македонското население не поседувала своја земја и тие работеле како ортаци во чифлиците на битолските бегови.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Орехово живееле 250 жители, од кои 160 Македонци и 90 Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долно Орехово имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Албанци.[7]
Од Долно Орехово се иселило грото од неговото население. Така, во 1961 година селото броело 325 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 71 жител, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Орехово живееле 45 жители, од кои 39 Македонци, 5 Албанци и 1 Турчин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 28 жители, од кои 20 Македонци и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 240 | 264 | 285 | 325 | 260 | 227 | 70 | 71 | 45 | 28 |
Долно Орехово е македонско-албанско село.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:
Се знае за следниве иселени македонски родови: Мијовци (2 к.) и Трајковци (1 к.), иселени во Гнеотино, односно Биљаник. По Балканските војни и Првата светска војна иселени се албанските родови Алилевци, Алимови, Зековци, Усковци и Шабанови во Битола и во Турција.[4]
Бројот на иселеници од селото е над 200 жители. Најголем дел од населението е иселено во градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и во Европа.[2]
Во XIX век, Долно Орехово било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел на некогашната Општина Новаци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Долно Орехово, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врањевци, Гнеотино, Горно Агларци, Грумази, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Селото било дел од некогашната општина Суводол во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врањевци, Мегленци, Паралово, Грумази, Орехово и Суводол.
Во селото постои избирачкото место бр. 0168 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на објект на општината. Во ова избирачко место се опфатени и селата: Врањевци, Грумази и Паралово.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[16]
До Балканските војни и Првата светска војна, во селото постоела џамија, која се наоѓало во Долно Маало.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.