шпански надреалистички сликар From Wikipedia, the free encyclopedia
Салвадор Дали (цело име: Салвадор Доменек Фелип Жасинт Дали и Доменек, маркиз де Пубол, каталонски: Salvador Domènec Felip Jacint Dalí i Domènech, Marqués de Dalí de Púbol, шпански: Salvador Domingo Felipe Jacinto Dalí i Domènech, Marqués de Dalí y de Púbol; 11 мај 1904 - Фигерас, 23 јануари 1989 ) — шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Делото на Дали е забележливо по неговата впечатлива комбинација на бизарни халуцинантни претстави и извонредна сликарска умешност под влијание на ренесансните мајстори[1][2]. Дали е уметник со огромни талент и имагинација. Тој има признаено дека често сака да прави необични нешта со цел да го привлече туѓото внимание, што некогаш ги иритира и оние што ја сакаат неговата уметност како и оние што го критикуваат, со оглед на тоа што неговиот ексцентричен однос знае да го засени неговото дело во окото на јавноста.
Салвадор Дали | |
---|---|
Салвадор Дали во 1939 година | |
Роден(а) | Салвадор Доминго Фелипе Domingo Felipe Жакинто Дали Доменек 11 мај 1904 Фигерас (Жирона), Шпанија |
Починал(а) | 23 јануари 1989 84) Фигерас (Жирона), Шпанија | (возр.
Почивалиште | Крипта во Театар и музеј „Дали“, Фигерас |
Националност | Шпанско |
Образование | Кралска академија за ликовни уметности на Сан Фернандо, Мадрид, Шпанија |
Познат(а) по | сликарство, цртење, фотографија, вајарство, пишување, филм |
Значајни дела |
|
Правец | Кубизам, Дадаизам, Надреализам |
Сопружник | Гала Дали (Елена Ивановна) (1934-1982; нејзина смрт) |
Цртежите му се изведени до совршенство и секогаш во простор, во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се врати во Шпанија и работеше комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет.
Салвадор Дали се родил на 11 мај 1904, во 8:45 часот изутрина[3], во Фигерас, блиску до француска граница, во Каталонија, Шпанија[4]. Неговиот постар брат исто наречен Салвадор, починал девет месеци пред тоа, на 1 август 1903. Неговиот татко, Салвадор Дали и Кузи, бил среднокласен адвокат и нотар[5], чиишто достигнувања биле потпомогнати од неговата жена, Фелипа Доменех Ферес, која ги охрабрила нејзините синови да бидат уметнички настроени[6].
Кога имал пет години, Дали бил однесен на гробот на неговиот брат каде неговите родители му рекле дека тој е негова реинкарнација[7], во што и тој самиот започнал да верува[8]. За неговиот брат, Дали рекол: „Ние двајца си наликувавме како две капки вода, но имавме различни рефлексии[9]. Тој најверојатно беше мојата прва верзија, но сфаќал премногу апсолутистички“[9]. Дали исто така имал и сестра, Ана Марија[5], која била три години помлада од него. Во 1949 таа објавила книга за нејзиниот брат, Дали во очите на неговата сестра[10]. Неговите пријатели од детството се појавуваат подоцна во фудбалскиот тим на ФК Барселона, Сагибарба и Јозеф Самитер. За време на неговите одмори во Каталонскиот ресорт, Кадакес, тие играле фудбал заедно[11].
Дали посетувал сликарско училиште. Во 1916, Дали исто така го открил правецот на модерното сликање додека бил на одмор со фамилијата на Рамон Пишот, локален уметник кој постојано патувал во Париз[5]. Следната година, таткото на Дали направил изложба на неговите дела во нивниот дом. Неговата прва јавна изложба била во Фигерас во 1919.
Во февруари 1921 година, мајката на Дали умрела од рак на дојка. Дали имал 16 години; тој подоцна изјавил дека смртта на мајка му „беше најголемиот удар што го доживеав во мојот живот. Му се поклонив ... Не можев да се повлечам од губењето на битието на кое сметав дека ќе ги направи невидливите неисправни мисли на мојата душа“[12][13]. По нејзината смрт, таткото на Дали се оженил со сестрата на починатиот сопруг. Дали не го негирал овој брак, бидејќи имал голема љубов и почит кон својата тетка[5].
Во 1922, Дали се преселил во студентски дом во Мадрид и таму студирал на Уметничката академија, Сан Фернандо[5]. Виткиот 1.72 м, висок[14], Дали веќе привлекол внимание како ексцентрик, со долга коса и бакенбарди, капут, чорапи и панталони со колена, во стил на англиски естетичар во доцниот 19 век. Во Мадрид тој се стеклан со пријатели како Пепин Бело, Луи Бунуел, и со поетот Федерико Гарсија Лорка. Во пријателството со Лорка имало и елементи страст,[15], но Дали ги негирал било каквите еротски склоности на поетот[16].
Но неговите уметнички дела, каде експериментирал со кубизам, го привлекле вниманието на многумина студенти. Во неговите најрани кубистички дела, тој веројатно и не го сфатил новиот правец кој го развил, сè додека не почнале да се појавуваат натписи во тогашните списанија, во кои се укажувало дека не постоеле други кубистички сликари во Мадрид во тоа време. Дали исто така експериментирал со Дадаизам, што многу влијаело на неговиот понатамошен живот.
Дали бил исфрлен од академијата во 1926 кратко пред неговите завршни испити[12][17], кога констатирал дека никој од факултетот не е квалификуван доволно да го испитува неговото знаење. Неговата неприкосновеност во тоа време е забележана во неговото реалистичко дело, „Кошница со леб“[18], кое го насликал во 1926 година. Истата година тој за првпат го посетил Париз каде се сретнал со Пабло Пикасо.[12], кому Дали му се восхитувал. Пикасо веќе имал слушанато за Дали од Јоан Миро[12]. Дали насликал многу дела инспирирани од Пикасо и Миро во наредните неколку години, како што го развивал и својот стил.
Некои трендови во работата на Дали, кои продолжиле во текот на неговиот живот, веќе биле очигледни во 1920-тите. Дали имал влијанија од многу стилови на уметност, кои се движат од повеќето академски класични до најсовремена авангарда. Неговите класични влијанија ги вклучуваат Рафаел, Ањоло Бронѕино, Франсиско де Сурбаран, Јоханес Вермер и Диего Веласкес. Тој ги користел и класичните и модернистичките техники, понекогаш во одделни дела а понекогаш и во комбинација. Изложбите на неговите дела во Барселона привлекле големо внимание, заедно со мешавина на пофалби и збунета дебата од критичарите.
Во 1929 година, Дали соработувал со надреалистичниот филмски режисер Луис Буњуел на краткиот филм, Андалусиско куче. Тој главно бил задолжен да ја напише скриптата за филмот.
Исто така таа година ја сретнал и својата муза, инспирација и идна сопруга Гала[19], родена како Елена Ивановна Диаконова, руски имигрант.
Истата година, Дали се соочил со важни изложби и официјално се приклучил кон надреалистичката група во Монтпарнас во Париз (иако неговата работа веќе била под влијание на надреализмот веќе две години).
Во 1931 година, Дали насликал едно од неговите најпознати дела, Доследноста на сеќавањето[20]. Понекогаш наречено “Меки Часовници” ова дело ја вовело надреалистичната слика на мекиот, топлив џебен часовник. Општата интерпретација на делото е дека меките часовници ја побиваат претпоставката дека времето е сурово или детерминистичко, и ова чувство е поддржано од други слики во делото, како што е широко распространетиот пејзаж и мравките[21].
Дали и Гала живееле заедно до 1929 година, а се венчале во 1934 година. Тие повторно се венчале со католичка церемонија во 1958 година[22].
Дали бил претставен во Америка од страна на продавач на слики Жилиен Леви во 1934, и изложбата на сликите на Дали (вклучувајќи ја и Доследноста на сеќавањата) во Њујорк создала непосредна сензација. На балот, кој бил организиран во негова чест, тој се појавил носејќи на неговите гради стаклена кутија полна со бакарни пари.
Во 1936 година, Дали учествувал во Лондонската Интернационална надреалистичка изложба[23]. Тој пристигнал носејќи стап за билијард и пар руски кучиња ловци на волци, па морал да го одврти шлемот што го носел бидејќи едвај дишел. Притоа прокоментирал: „Само сакав да ви покажам дека продирав длабоко во човековиот ум.“
Во текот на Шпанската граѓанска војна, Дали останал аполитички настроен, борејќи се за нејзиниот што поскорен крај. Неговите надреалистички пријатели, кои биле претежно марксисти, тежнееле кон неговото исфрлување од групата. Надреалистите отсега па натаму зборувале за Дали во минато време, како тој да бил мртов. Надреалистичкото движење и некои од членовите на ова движење продолжиле да водат екстремни полемики против Дали, сè до времето на неговата смрт.
„Во текот на овој период Дали не престана да пишува“, напишале Роберт и Николас Дешарнес. Во 1941, тој напишал филмско сценарио за Џин Габин наречено "Moontide". Тој направил каталози за неговите изложби како онаа во Кнодлер галеријата (во Њујорк во 1943) каде дофрлил: “Надреализмот во најмала рака ќе служеше да даде експериментален доказ дека тоталниот стерилитет и испитувања во автоматизацијата отидоа предалеку што доведе до тоталитарен систем... Денешната мрзеливост и тотален недостаток на техника го достигнаа нивниот пароксизам во психолошко значење на употребата на зборот колеџ.“ Тој исто така напишал новела, издадена во 1944, за моден салон за автомобили.
Само што почнала Втората светска војна во Европа, Дали и Гала се преселиле во САД во 1940, каде што живееле осум години. Во 1942, ја издал својата автобиографија, „Тајниот живот на Салвадор Дали“ (The Secret Life of Salvador Dalí).
Италијанска калуѓерка, Габриела Марија Берарди, тврдела дека извршила егзорцизам над Дали додека тој бил во Франција во 1947[24] . Кај калуѓерката била најдена скулптура од Исус на крст, која што му била дадена на еден егзорцист од страна на Дали со цел да му заблагодари. Скулптурата била откриена во 2005 и двајца шпански експерти во областа на надреализмот потврдиле дека постојат адекватни стилски причини кои укажуваат дека скулптурата е направена од Дали.
Делата на Дали се одликуваат со распространет симболизам. На пример, меките часовници што за првпат се појавуваат во Доследноста на сеќавањeто (The Persistence of Memory) ја поддржуваат Ајнштајновата теорија дека времето е релативно, а не фиксно[21]. Идејата за симболичното функционирање на часовниците на ваков начин, му се јавила на Дали кога еден топол ден во август беспрестан гледал во парче сирење камамбер[25].
Слонот е исто така симбол кој се појавува во делата на Дали. Првпат се појавил во 1944 во неговото дело, Сон предизвикан од летот на една пчела. Слоновите, инспириран од скулптурата на Џиан Лоренцо Бернини во Рим, се портретирани[26], со долги, повеќе споени, скоро невидливи нозе, со споменици на нивните грбови[27]. Споени со сликата на нивните слаби нозе, овие отежнувања, создаваат чувство на фантомска реалност. Салвадор Дали: “Јас сликам слики што ме прават да умрам од радост, јас создавам со апсолутна природност, без и најмала естетска грижа, јас правам нешта што ме инспирираат со длабока емоција и се трудам да ги насликам нештата искрено.”
Јајцето е друг симбол што исто така се сретнува во делата на Дали. Дали го користи јајцето да симболизира надеж и љубов[28]. Се појавува во, Големиот Мастурбатор и во Метаморфозата на Нарцис. Исто така тој користи и други животни како симболи кои се провлекуваат низ неговите слики: мравките укажуваат на смрт, гниење, и огромна сексуална желба; полжавот го поврзува со човековата глава (тој видел полжав на точак пред куќата на Фројд кога и првпат го запознал Сигмунд Фројд); и скакулците кои се симбол на губиток и страв[28].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.