Дабниште
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Дабниште — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.
Дабниште | |
Куќи во селото Дабниште | |
Координати 41°22′03″N 21°59′51″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Витачево |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1430 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11012 |
Надм. вис. | 420 м |
Слава | Голема Богородица |
Дабниште на општинската карта Атарот на Дабниште во рамките на општината | |
Дабниште на Ризницата |
Името на селото потекнува од „дабовата гора“, која постоела во околината на селото.[2]
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води во областа Витачево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 9 километри.[3]
Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 328,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 351,9 хектари, а на шумите 121,2 хектари.[3]
Селото е од линиест карактер, поделено на три маала, Горно, Средно и Долно Маало.[2]
Селото било христијанско од чифлички тип. Во него биле сместени две беговски кули во турско време. Поголемиот дел од населението се доселеници.[2]
Во XIX век, Дабниште било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дабниште имало 203 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабниште имало 208 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, на пат за целосно раселување. Така, во 1961 година броело 281 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Дабниште имало 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 6 Македонци и 4 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 203 | 208 | 278 | 288 | 281 | 249 | 106 | 47 | 43 | 27 | 10 |
Како родови во Дабниште се споменуваат:[2]
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Дабниште се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.