From Wikipedia, the free encyclopedia
Гундемар ― визиготски крал на Хиспанија, Септиманија и Галисија (610–612).
Гундемар ја продолжил политиката на пријателство со Хлотар II од Неустрија и Теодеберт II од Австразија. За таа цел, тој испраќал големи суми пари за поддршка на нивната кауза против нивниот роднина (братучед и брат, редоследно) Теодорих II од Бургундија. Во други времиња, тој водел непријателска политика против Брунхилда.[1]
Според Исидор Севиљски, Гундемар направил една експедиција против Баскијците, а потоа во следната ги опседнал Римјаните. Тој починал од природна смрт во Толедо, веројатно во февруари или март 612 година.[2] „Chronica Regum Visigotthorum“ запишува дека Гундемар владеел една година, десет месеци и 14 дена.[3] Него го наследил Сизебут.
Тој бил оженет со Хилдоара.
Градовите Гондомар во Португалија и во Галисија се именувани по негово име.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.