Глајхен
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Глајхен (германски: Gleichen) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Глајхен | |
Поглед на манастирот во Рајнхаузен и двата врва на некогашните замоци | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Месни единици | 16 |
Градоначалник | Манфред Кулман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 128,93 км2 |
Надм. височина | 185 м |
Население | 8.807 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 68 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GÖ |
Пошт. бр. | 37130 |
Повик. бр. | 05592, 05508, 0551 |
Портал | www.gleichen.de |
Местоположба на Глајхен во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°27′43″N 10°02′20″E |
Општината е именувана по два замока, Нојен-Глајхен и Алтен-Глајхен во близина на општината, кои се наоѓале на два врва над Рајнхаузен. Самата општина е сместена на околу 10 километри југоисточно од градот Гетинген. Седиштето на општината се наоѓа во Рајнхаузен.
Општината Глајхен се наоѓа југоисточно од градот Гетинген, западно од Дудерштат и северозападно од Хајлбад Хајлигенштат. Најголемиот, западен дел на општината се наоѓа во областа Рајнхојзер Валд. Низ повеќе делови на општината тече реката Гарте, како и малиот поток Вендебах (на кој постои и вештачко езеро). Обата водотека се десни притоки на реката Лајне.
Во центарот на општината се наоѓаат врвовите „Глајхен“, високи 430 метри. На обата врва во минатото имало замоци, чии остатоци можат и денес да се пронајдат.
До општината може да се стигне преку сојузниот автопат Б27.
Општината е создадена со општинската реформа од 1973 година и има 16 села, додека нејзиното седиште во Рајнхаузен:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.