From Wikipedia, the free encyclopedia
Во телекомуникациите, битовата стапка (bitrate) или проточноста на преносот на податоците претставува просечен број на битови, знаци или блокови по единица време кој проаѓа од една до друга направа по пат на систем за пренос на податоци. Ова најчесто се мери со содржатели на единиците бит во секунда или бајт во секунда.
Име | Симбол | Кратно | |
---|---|---|---|
бит во секунда | бит/с | 1 | 1 |
SI-претставка | |||
килобит во секунда | кбит/с | 103 | 10001 |
мегабит во секунда | Мбит/с | 106 | 10002 |
гигабит во секунда | Гбит/с | 109 | 10003 |
терабит во секунда | Тбит/с | 1012 | 10004 |
Двоични претставки (IEC 80000-13) | |||
кибибит во секунда | Кибит/с | 210 | 10241 |
мебибит во секунда | Мибит/с | 220 | 10242 |
гибибит во секунда | Гибит/с | 230 | 10243 |
тебибит во секунда | Тибит/с | 240 | 10244 |
За да се биде што е можно појасен, мора да се знаат и претставката и наставката на единицата. На пример, кратенката „2 mb“ може да се разложи на 4 различни начини („мега-“ наспроти „меби-“ и „-бит“ наспроти „-бајт“). Разликата во односните броеви може да биде огромна:
Единица | Битови | Битови / 1.000.000 |
---|---|---|
Мега-бит | 1.000.000 | 1,0 |
Меби-бит | 1.048.576 | 1,05 |
Мега-бајт | 8.000.000 | 8,0 |
Меби-бајт | 8.388.608 | 8,39 |
Табелата погоре прикажува приближно 5% разлика помеѓу соодветните мега- и меби- единици со 700% разлика помеѓу -бит и -бајт единиците. Точната употреба на единиците е од голема важност бидејќи различните толкувања можат да доведат до 740% разлика во количината на податоци што се зема во една единица (разликата може да стане и поголема за единици со различна претставка).
'к-' означува кило, што изнесува 1.000, додека пак 'Ки-' означува „килобинарно“, што изнесува 1.024. Стандардизираните бинарни претставки како Ки- се релативно скоро воведени и сè уште не се нашироко прифатени. 'К-' честопати се користи со значење 1.024, особено кај 'КБ' (килобајт).
'б' значи 'бит', а 'Б' значи 'бајт'. Меѓутоа некои велат дека 'бит' не треба да крати бидејќи тој е веќе кратенка од „бинарен број“, а разликата помеѓу битот и бајтот може да доведе во забуна. Во контекст на единици за проточност, еден бат се однесува на 8 бита. На пример, кога се рекламира линија од „1 Мб/с“, обично значи дека максималната достижна брзина на преземање е 1 мегабит/с (милион бита во секунда), што е всушност 0,125 МБ/с (мегабајт во секунда), или околу 0,1192 МиБ/с (мебибајт во секунда).
Килобит во секунда (кбит/с или kbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мегабит во секунда (Мбит/с или Mbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гигабит во секунда (Гбит/с или Gbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Терабит во секунда (Тбит/с или Tbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Кибибит во секунда (Кибит/с или Kib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на 1,024 бита во секунда. Зборот „кибибит“ не се пишува со големи букви, туку само кратенката „Кибит“.
Мебибит во секунда (Мибит/с или Mib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гибибит во секунда (Гибит/с или Gib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Тебибит во секунда (Тибит/с или Tib/s) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Килобајт во секунда (кБ/с или kBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мегабајт во секунда (МБ/с или MBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гигабајт во секунда (ГБ/с или GBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Терабајт во секунда (ТБ/с или TBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Кибибајт во секунда (КиБ/с или KiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Мебибајт во секунда (МиБ/с или MiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Гибибајт во секунда (ГиБ/с или GiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Тебибајт во секунда (ТиБ/с или TiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
Назив | Симбол | бит во секунда | бајт во секунда | бит во секунда (формула) | бајт во секунда (формула) |
---|---|---|---|---|---|
бит во секунда | бит/с | 1 | 0,125 | 1 | 1/8 |
бајт во секунда | Б/с | 8 | 1 | 8 | 1 |
килобит во секунда | кбит/с | 1.000 | 125 | 103 | 103/8 |
кибибит во секунда | Кибит/с | 1.024 | 128 | 210 | 27 |
килобајт во секунда | кБ/с | 8.000 | 1.000 | 8x103 | 103 |
кибибајт во секунда | киБ/с | 8.192 | 1.024 | 213 | 210 |
мегабит во секунда | Мбит/с | 1.000.000 | 125.000 | 106 | 106/8 |
мебибит во секунда | Мибит/с | 1.048.576 | 131.072 | 220 | 217 |
мегабајт во секунда | МБ/с | 8.000.000 | 1.000.000 | 8x106 | 106 |
мебибајт во секунда | МиБ/с | 8.388.608 | 1.048.576 | 223 | 220 |
Гигабит во секунда | Гбит/с | 1.000.000.000 | 125.000.000 | 109 | 109/8 |
гибибит во секунда | Гибит/с | 1.073.741.824 | 134.217.728 | 230 | 227 |
гигабајт во секунда | ГБ/с | 8.000.000.000 | 1.000.000.000 | 8x109 | 109 |
гибибајт во секунда | ГиБ/с | 8.589.934.592 | 1.073.741.824 | 233 | 230 |
терабит во секунда | Тбит/с | 1.000.000.000.000 | 125.000.000.000 | 1012 | 1012/8 |
тебибит во секунда | Тибит/с | 1.099.511.627.776 | 137.438.953.472 | 240 | 237 |
терабајт во секунда | ТБ/с | 8.000.000.000.000 | 1.000.000.000.000 | 8x1012 | 1012 |
тебибајт во секунда | ТиБ/с | 8.796.093.022.208 | 1.099.511.627.776 | 243 | 240 |
Количина | Единица | битови во секунда | бајти во секунда | Поле | Опис |
---|---|---|---|---|---|
56 | кбит/с | 56.000 | 7.000 | вмрежување | 56к модем – 56 кб/с (56.000 б/с) |
64 | кбит/с | 64.000 | 8.000 | вмрежување | ISDN – 64 kb/с – 64.000 b/с |
1536 | кбит/с | 1.536.000 | 192.000 | вмрежување | T1 – 1,536 Мб/с (1.536.000 б/с) |
1 | Гбит/с | 1.000.000.000 | 125.000.000 | вмрежување | Гигабитен Етернет |
10 | Гбит/с | 10.000.000.000 | 1.250.000.000 | вмрежување | 10-гигабитен етернет |
1 | Тбит/с | 1.000.000.000.000 | 125.000.000.000 | вмрежување | SEA-ME-WE 4 подводен кабел – 1,28 терабита во секунда [1] |
4 | кбит/с | 4.000 | 500 | аудиоподатоци | постигнува минимален степен доволен за кодирање на распознатлив говор (со помош на наменски кодеци за глас) |
8 | кбит/с | 8.000 | 1.000 | аудиоподатоци | телефонски квалитет |
32 | кбит/с | 32.000 | 4.000 | аудиоподатоци | СБ квалитет |
128 | кбит/с | 128.000 | 16.000 | аудиоподатоци | MP3 – 128 кб/с (128.000 б/с) |
192 | кбит/с | 192.000 | 24.000 | аудиоподатоци | Речиси CD-квалитет за податотека набиена во MP3 формат |
1.411,2 | кбит/с | 1.411.200 | 176.400 | аудиоподатоци | CD аудио (ненабиенао, 16-битни семплови × 44,1 kHz × 2 канала) |
2 | Мбит/с | 2.000.000 | 250.000 | видеоподатоци | VHS-квалитет |
8 | Мбит/с | 8.000.000 | 1.000.000 | видеоподатоци | DVD квалитет |
27 | Мбит/с | 27.000.000 | 3.375.000 | видеоподатоци | HDTV квалитет |
1.244 | Гбит/с | 1.244.000.000 | 155.500.000 | вмрежување | OC-24, 1,244 Гб/с SONET податочен канал |
9.953 | Гбит/с | 9.953.000.000 | 1.244.125.000 | вмрежување | OC-192, 9,953 Гб/с SONET податочен канал |
39.813 | Гбит/с | 39.813.000.000 | 4.976.625.000 | вмрежување | OC-768, 39,813 Гб/с SONET податочен канал, најбрз досега во употреба |
60 | МБ/с | 480.000.000 | 60.000.000 | податочни поврзници | USB 2.0 |
625 | МБ/с | 5.000.000.000 | 625.000.000 | податочни поврзници | USB 3.0 |
98.3 | МБ/с | 786.432.000 | 98.304.000 | податочни поврзници | FireWire IEEE 1394b-2002 S800 |
120 | МБ/с | 960.000.000 | 120.000.000 | податочни поврзници | Читање на тврд диск, Samsung SpinPoint F1 HD103Uj [мртва врска] |
133 | МБ/с | 1.064.000.000 | 133.000.000 | податочни поврзници | PATA 33 – 133 МБ/с |
150 | МБ/с | 1.200.000.000 | 150.000.000 | податочни поврзници | SATA 1,5 Гб/с – Прва генерација |
300 | МБ/с | 2.400.000.000 | 300.000.000 | податочни поврзници | SATA 3 Гб/с – Втора генерација |
600 | МБ/с | 4.800.000.000 | 600.000.000 | податочни поврзници | SATA 6 Гб/с – Трета генерација |
533 | МБ/с | 4.264.000.000 | 533.000.000 | податочни поврзници | PCI 133 – 533 МБ/с |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.