From Wikipedia, the free encyclopedia
Германска работничка партија или ДАП (германски: Deutsche Arbeiterpartei, DAP) — краткотрајна политичка партија, претходник на Националсоцијалистичка германска работничка партија или Нацистичка патија (НСДАП).
Германска работничка партија | |
---|---|
Водач | Карл Харер (1919-1920) Антон Дрекслер |
Основана | 5 јануари 1919 |
Распуштена | 24 февруари 1920 |
Претходник | нема (де јуре) Германска татковинска партија (де факто) |
Насленик | Националсоцијалистичка германска работничка партија |
Штаб | Минхен, Германија |
Идеологија | национализам пангерманизам антикапитализам антисемитизам |
Полит. положба | крајна десница |
ДАП е формирана во Минхен на 5 јануари 1919 од страна на Антон Дрекслер и Михаел Лотер. Произлегла од „Freien Arbeiterausschuss für einen guten Frieden“, исто така формирана и водена од Дрекслер. Нејзините први членови воглавно биле колеги на Дрекслер од Минхенското железничко депо. Дрекслер бил охрабрен да ја формира ДАП од неговиот ментор, Д-р Паул Тафел, чијашто желба била да се создаде партија којашто ќе биде и во допир со масите и националистичка, за разлика од среднокласните партии. Почетното членство броело околу 40 луѓе.
Адолф Хитлер, тогаш десетар во германската армија, добил наредба да шпионира во ДАП во септември 1919 година. Посетил собир и влегол во жестока расправија со еден од членовите на партијата. По овој инцидент, Антон Дрекслер бил импресиониран од говорничките способности на Хитлер и го поканил да влезе во партијата. По некое размислување, Хитлер ја прифатил поканата и станал 555-ти член на 19 октомври (всушност, тој бил 55-тата личност што се зачленила во ДАП; бројот на членовите почнувал од 500 за партијата да изгледа поголема). Хитлер набргу се издигнал до водството, станувајќи 7-ми член на централниот комитет (подоцна се обидел да ја фалсификува историјата, тврдејќи дека бил член бр. 7 за да изгледа дека тој ја основал партијата).
Под влијание на Хитлер, мала група од членовите набргу потпаднале под неговите сфаќања. Во обид да ја направи партијата попривлечна за поголеми сегменти од општеството, ДАП била преименувана во „Националсоцијалистичка германска работничка партија“ на 24 февруари 1920. Името било позајмено од друга тогашна австриска партија (Deutsche Nationalsozialistische Arbeiterpartei), иако Хитлер претходно предложил партијата да се вика „Социјална револуционерна партија“.
Хитлер бил 55-ти член на партијата, а пред него познати членови се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.