Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гевгелиски народноослободителен партизански одред „Сава Михајлов“ е партизанска единица на НОВ и ПОМ.
партизански одред „Сава Михајлов“ | |
---|---|
Партизански одред „Сава Михајлов“ | |
Активна | мај 1943 - 24 септември 1943 |
Битки | НОБ |
Партизанскиот одред е формиран во текот на мај 1943 година на Кожуф од околу 50 луѓе од Гевгелија и од Богданци. На 17 мај го напаѓаат селото Радња, од каде конфискувале жито, што подоцна го разделиле меѓу селаните. Заедно со Тиквешкиот партизански одред спроведувале акции во Тиквешко, во периодот од 28 мај до 10 јуни 1943 година, во селата: Драгожел, Праведник, Шешково, Галиште, Голем Радобил и Мал Радобил. На 24 септември 1943 година овој партизански одред се приклучува кон баталјонот „Страшо Пинџур“.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.