Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) — воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран на планината Кајмакчалан односно Ниџе на 24.IX.1943 од 126 борци на НОПО „Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ и главнината на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“[1].
Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ | |
---|---|
Формирањето на народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“ (1943) | |
Активна | 24 септември 1943 - 20 декември 1943 |
Битки | НОБ |
При образувањето на баталјонот на 24 септември 1943 година на Кајмакчалан, борците ја дале следната заклетва:[2][3]
КЛЕТВА
Се колнам во својата чесна дума оти верно и достојно ќе се борам во редовите на Народно-ослободителната војска и партизанските одреди на македонскиот народ, за националната слобода и рамноправност на својот народ до крајното истеруење на германските-италијанските окупатори и нивните блгарски и албански слуги и против сите издајници на нашиот народ.
СМРТ НА ФАШИЗМОТ - СЛОБОДА НА НАРОДОТ
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
Во нападот на рудникот Дудица на планината Кожуф на 2 октомври 1943 биле убиени 10 непријателски војници, а на баталјонот му се приклучиле 80 рудари[1]. Во нападот на бугарската гранична посада во Лукар, јужно од с.Конопиште на планината Кожуф, извршен на 19.Х. биле заробени 30 бугарски војници и еден подофицер, а во нападот на германската посада на железничкиот мост кај с.Острово во Леринско на 26.Х. биле убиени 2 Германци и заробени 7 Мароканци[1]. Поради бројното зголемување, од издвоени 113 борци на 30.Х. бил формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ[1].
Во нападот на селото Радња Демиркаписко на 8 ноември 1943 биле заробени 12 контрачетници на одредот „Цар Калојан“, а на 12.XI. при влегувањето во турските села Вешје и Бесвица на борците од баталјонот им се приклучиле неколку Турци[1]. Во средината на ноември, кај селата Радња и Бохула баталјонот водел борба со бугарска колона при што загинале 5 партизани и 14 бугарски војници[1]. Во селото Бегниште на 18.XI. била запалена општинската зграда, а во нападот на касарната во гевгелиското село Конско и две гранични караули на планината Кожуф биле заробени околу 60 бугарски војници. Во повеќе села формирал НОО[1]. Баталјонот бил расформиран на 20.XII.1943 во селото Фуштани во Меглен, Егејска Македонија каде влегол во составот на Втората македонска НОУ бригада[1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.