Вилкау-Хаслау
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Вилкау-Хаслау (германски: Wilkau-Haßlau) — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Цвикауер Мулде, околу 6 километри јужно од Цвикау.
Вилкау-Хаслау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Цвикау |
Градоначалник | Штефан Фојстел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 12,70 км2 |
Надм. височина | 280 м |
Население | 9.534 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 751 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | Z |
Пошт. бр. | 08112 |
Повик. бр. | 0375, 037602 |
Портал | www.wilkau-hasslau.de |
Местоположба на градот Вилкау-Хаслау во рамките на округот Цвикау | |
Координати | 50°40′0″N 12°31′0″E |
Градот се наоѓа на падините на Рудните Планини во мала долина, околу 6 километри јужно од градот Цвикау и е поделен од реката Цвикауер Мулде и потокот Ределбах. Лево од Мулде се поранешните села Хара, Нојхара, Кулич и Вилкау, додека десно од реката се Оберхаслау, Нидерхаслау, Зилберштрасе и Розентал, како и Зандберг.
Соседни општини со кои се граничи се Хиршфелд и Рајнсдорф и градовите Кирхберг, Вилденфелс и Цвикау во округот Цвикау.