американски композитор и диригент From Wikipedia, the free encyclopedia
Бернард Херман (англиски: Bernard Herrmann; роден Максимилијан Херман; 29 јуни 1911 – 24 декември 1975) бил американски композитор и диригент,[1] а најпознат е по компонирање на музика за филм. Се смета за еден од најдобрите филмски композитори.[2]
Бернард Херман | |
---|---|
Бернард Херман во 1970 | |
Роден(а) | Максимилијан Херман 29 јуни 1911 Њујорк, САД |
Починал(а) | 24 декември 1975 Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Други имиња | Бернард Максимилијан Херман |
Образование |
|
Занимање |
|
Активен период | 1934–1975 |
Деца | 2 |
Страница thebernardherrmannestate.com |
Бернард Херман добил Оскар за „Ѓаволот и Даниел Вебстер“ (1941), а познат е по неговата соработка со Алфред Хичкок за кого ја компонирал музиката за филмските класици: „Човекот кој знаеше премногу“ (1956), Вертиго (1958), Север-северозапад (1959), Психо (1960), Птици (1963) (како „консултант за звук“) и Марни (1964). Негова прва филмска музика била за првиот филм од Орсон Велс, Граѓанинот Кејн (1941). Други филмови за кој компонирал музика се: Џејн Ер (1943), Ана и кралот на Сијам (1946), Духот и госпоѓа Муир (1947), Денот кога земјата застана (1951), Кејп Фиар (1962), Фаренхајт 451 (1966) и Twisted Nerve (1968). Херман напишал музика за филмови кои биле инспирирани од Хичкок, како: „ Невестата носеше црно“ од Франсоа Трифо (1968) и „Сестри“ од Брајан Де Палма (1972) и „ Опсесија“ (1976). Компонирал музика за неколку фантастични филмови од Реј Харихаузен и компонирал за тв-серии, вклучувајќи ги Have Gun – Will Travel и Зона на самракот од Род Серлинг. Негово последно дело, снимено непосредно пред неговата смрт, било за „Таксист“ од Мартин Скорсезе (1976).[3] [4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.