село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Беловодица или Белица[2] — село во областа Раец, во Општина Прилеп.
Беловодица | |
Поглед на селото Беловодица | |
Координати 41°20′15″N 21°42′12″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Прилеп |
Област | Раец |
Население | 15 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7500 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20004 |
Надм. вис. | 673 м |
Беловодица на општинската карта Атарот на Беловодица во рамките на општината | |
Беловодица на Ризницата |
Беловодица се наоѓа на 18 километри источно од градот Прилеп и на 1 километар од патот Прилеп-Скопје, по долината на реката Раец, на северните падини на планината Дрен. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 673 м.[3]
Селото Беловодица се споменува како селиште во Втората и Третата грамота со кои царот Стефан Душан му подарил бројни имоти на манастирот Трескавец. Според Втората грамота, издадена кон крајот на 1343 или во почетокот на 1344, манастирот го поседувал, со „сите правини“, селиштето Бела Водица, што го приложил тепчијата Градислав (cu).[4] Во Третата грамота, издадена во 1344/45, се конкретизира, односно, подробно се опишува манастирскиот имот, без да се наведе тепчијата Градислав. Имено, селиштето Бела Водица се подарува со нивите, водениците, пасиштата и со ридот (планината). Притоа, повторно се нагласува дека имотот му се дава на манастирот со „сите правини“ (cu).[4]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото (тука наречено „Белица“) било село во Прилепската каза со 40 домаќинства и 185 жители.[2]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беловодица живееле 510 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Беловодица имало 576 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Беловодица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]
Беловодица, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 356 жители, а во 1994 година 18 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Беловодица живееле 24 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 510 | 576 | 511 | 461 | 356 | 182 | 73 | 25 | 18 | 24 | 15 |
Беловодица е македонско село.
Родови од селово се следниве:
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Плетвар.
Во периодот 1955-1962, селото било дел од тогашната општина Плетвар, во која покрај селото Беловодица се наоѓале селата Голем Радобил, Дрен, Крстец, Лентите, Мал Радобил, Никодин, Ореовец, Плетвар, Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1423 кое е сместено во поранешното основно училиште.[16]
Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.