Бањица — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Бањица | |
Координати 41°41′59″N 21°39′58″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 119 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 07003 |
Надм. вис. | 899 м |
Бањица на општинската карта Атарот на Бањица во рамките на општината | |
Бањица на Ризницата |
Населбата се наоѓа во северниот дел на територијата на Општината Чашка, во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината лева страна. Селото е рамнинско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Велес населбата е оддалечена 16,5 километри.
Атарот е голем и зафаќа простор од 20,9 км2. На шумите отпаѓаат 747,7 ха, обработливото земјиште зазема површина од 638,2 ха, а пасиштата имаат површина од 611,1 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци и 50 Албанци.[3]
Поради емиграција на населението, бројот на жителите во Бањица се намалил од 422 во 1961 година, на 102 жители во 1994 година, од кои 91 се Македонци, а 10 жители Албанци.
Според пописот од 2002 година селото имало околу 55 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 119 жители, од кои 19 Македонци, 98 Албанци и 2 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 176 | 525 | 502 | 422 | 320 | 213 | 128 | 102 | 55 | 119 |
Бањица е македонско село, а имало и Албанци во селото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Македонски
Албански
Во селото постои избирачкото место бр. 2227 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект на месна заедница.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.