археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Бањичко Кале (или само Кале) — археолошко наоѓалиште и споменик на природата сместен на 5 км југозападно од селото Бањица во Општина Чашка, Велешко. Претставува доминантен рид со зарамнет врв, кој зафаќа површина од околу 2 декара.
На ридот се видливи остатоци од градиште од доцноантичкото време од ѕидови во должина од 150 м. Во внатрешноста на градиштето има рушевини од ѕидови на повеќе објекти, големо количество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и монети.[1]
Бањичкото Кале во 1983 г. е прогласен за природна знаменитост[2] поради застапеноста на фосили во варовничката карпа од периодот на горната креда.[3] Во варовничките плочи се најдени остатоци од богата морска фауна, претставена со школки, амонити и полжави. По богатството на наодите спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.