Бузалково
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Бузалково — село во северозападниот дел на Општина Велес под јужната падина на ридот Гроот, во сливното подрачје на реката Тополка.
Бузалково | |
Координати 41°44′22″N 21°40′19″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Велес |
Население | 1.614 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 29006 |
Бузалково на општинската карта Атарот на Бузалково во рамките на општината | |
Бузалково на Ризницата |
Селото спаѓа во категоријата на ридски села со надморска височина од 500 метри. Од градот Велес селото е оддалечено 12 км.
Во селото има повеќе продавници - колонијали.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци и 50 Македонци.[2]
Од демографски аспект е интересно што во 1961 година селото имало 605 жители од кои 522 Турци и 24 Албанци. Но, со иселувањето на Турците во Турција, денес Бузалково има 1.273 жители од кои 1.248 се Албанци и 22 Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.614 жители, од кои 1 Македонец, 1.566 Албанци, 2 Бошњаци и 45 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 368 | 438 | 605 | 504 | 945 | 1.241 | 1.273 | 1.456 | 1.614 |
Според истражувањата во 1929 година, родови во селото се:
Муслимани (Албанци)
Православни (Македонци)
Во Бузалково се наоѓа амбуланта, осумгодишно основно училиште, пошта.
Во селото постојат избирачките места бр. 2201 и 2201/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни место биле запишани вкупно 1.219 гласачи.[10]
Споменик во чест на НОБ бил изграден во селото.
Кошаркарскиот репрезентативец Владимир Брчков, моментално играч на КК Кожув, е роден во ова село. Тој основното училиште го завршил во своето родно село, а гимназија во градот Велес.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.