Бад Ротенфелде
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Ротенфелде (до 1905 година: Ротенфелде; германски: Bad Rothenfelde) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото е признато одморалиште и лековита бања.
Бад Ротенфелде | |
Главната управна зграда на бањата во Бад Ротенфелде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Градоначалник | Клаус Рекемпер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 18,19 км2 |
Надм. височина | 96 м |
Население | 8.597 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 473 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49214 |
Повик. бр. | 05424 |
Портал | www.bad-rothenfelde.de |
Местоположба на Бад Ротенфелде во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°06′42″N 8°09′38″E |
Местото е сместено на Тевтобуршката Шума, околу 20 километри југоисточно од безокружниот град Оснабрик, помеѓу Хилтер на Тевтобуршката Шума и Дисен на Тевтобуршката Шума.
Бад Ротенфелде се наоѓа неколку километри јужно од Тевтобуршката Шума на премин кон Источна Вестфалија и во триаголникот на градовите Билефелд, Минстер и Оснабрик. Највисока точка е „Клајне Берге“ (208 метри; Kleine Berg).
Кон Бад Ротенфелде припаѓаат местата Ашендорф и Штранг.
Бад Ротенфелде на запад се граничи со Бад Лар, на север со Хилтер на Тевтобуршката Шума, на исток со Дисен на Тевтобуршката Шума, додека на југ со градот Ферсмолд во округот Гитерсло (Северна Рајна-Вестфалија).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.