Бад Грунд
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бад Грунд (службено: Бад Грунд (Харц); германски: Bad Grund (Harz)) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместена е во западниот дел планинскиот масив Харц, околу 7 километри западно од Клаустал-Целерфелд и 10 километри северно од Остероде.
Бад Грунд | |
Црквата „Св. Антонио“ во Бад Грунд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Харалд Дицман (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 41,18 км2 |
Надм. височина | 295 м |
Население | 8.114 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 197 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHA |
Пошт. бр. | 37539 |
Повик. бр. | 05327 |
Портал | www.gemeinde-bad-grund.de |
Местоположба на Бад Грунд во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°48′41″N 10°14′18″E |
Бад Грунд била дел од поранешната истоимена општинска заедница. Била распуштена во март 2013 година и заменета со општината Бад Грунд.
Бад Грунд се наоѓа во Природниот парк Харц помеѓу Зезен на североисток, Клаустал-Целерфелд на исток и Остероде на југ. Северно се наоѓа карпата Хибихен. Низ Бад Грунд поминува шумската патека Харц.
Општината Бад Грунд се состои од шест единици. Следнава табела ги содржи шесте единици со нивните места и бројот на жители на 30 јуни 2013 година:[2]
Место | Жители |
---|---|
Бад Грунд (Харц)* | 2.398 |
Гителде** | 1.888 |
Баденхаузен*** | 1.882 |
Ајсдорф | 1.345 |
Виндхаузен | 994 |
Виленсен | 317 |
Општина Бад Грунд | 8.824 |
* со Лаубхите и Таубенборн ** со Тајхите *** со Нојхите и Оберхите
Општината Бад Грунд на север се граничи со градот Зезен (округ Гослар), на југ со градот Остероде (поранешниот округ Остероде) и на запад со општината Калефелд (округ Нортхајм). Другите граници на општината се со двете слободни области Харц (округ Гослар) на северозапад и на североисток со Харц (округ Остероде).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.