Драган од Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Алонсо де Охеда (шпански: Alonso de Ojeda; роден меѓу 1466 и 1468 година во Куенка, умрел 1515 година во Санто Доминго) бил шпански морепловец и конквистадор. Ги истражувал подрачјата на Гвајана, Венецуела, Тринидад и Тобаго, Курасао, Аруба и Колумбија. Бил првиот Европеец кој стапнал на тлото на Гвајана, Колумбија и подрачјето околу заливот Маракаибо (денес Венецуела), а нему му се припишува и етимологијата на името Венецуела, која ја истражувал двапати.
Алонсо де Охеда | |
---|---|
Алонсо де Охеда | |
Роден(а) | околу 1468 Шпанија |
Починал(а) | 1515 Санто Доминго |
Националност | Шпанец |
Занимање | Истражувач |
Алонсо де Охеда е роден во 1468 година (според некои извори во 1466) во шпанскиот град Куенка, во сиромашно но аристократско семејство. Во младоста се истакнал како војник во Битката за освајување на Гренада, поради што ја стекнал наклоноста на тогашниот бискуп на градот Бургос. Благодарение на бискупот, во септември 1493 година се придружил на експедицијата на Кристифор Колумбо, при второто патување во Америка, и стигнал до острвот Хиспаниола. Набрзо по доаѓањето на овој остров, Колумбо го поставил Охеда за гувернер на новооснованото утврдување Форт Санто Томас. Пред враќањето во Шпанија, 1496 година, Охеда се истакнал во борбите со локалните индијански племиња.
По налог на католичките кралеви на 14 мај 1499 година Охеда повел своја експедиција со три каравели во Новиот Свет. Меѓу членовите на неговата експедиција биле и шпанскиот морепловец и картограф Хуан де ла Коса и италијански навигатор Америго Веспучи. По испловувањето од Кадис, флотилата пловела долж брегот на Западна Африка кон Зелено`ртските Острви, а потоа тргнале по истата патека што ја користел Колумбо на своето трето патување. По пристигнувањето во Јужна Америка, каравелата на Веспучи се одвоила и го продолжила патот кон Бразил, додека другите пловеле кон север: од устието на реката Есеквиба, преку делтата на Ориноко и натаму крај брегот сè до заливот Маракаибо. Експедицијата потоа се упатила кон Хиспаниола, каде се случил судир меѓу членовите на посадата на Охеда и приврзаниците на Колумбо, кои сметале дека само Колумбо има право да го истражува тој брег.
Најголемото значење на оваа експедиција лежи во фактот дека ова била прва европска експедиција која детално го истражила и го картирала брегот на денешната држава Венецуела. Охеда се вратил во Шпанија во јуни 1500 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.