јазично семејство во Северна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
Алгонкински јазици (англиски: Algonquian, Algonkian) — потсемејство на американски домородни јазици во состав на алшкото семејство. Се претпоставува дека зборот „алгонкински“ доаѓа од малиситскиот поим elakómkwik (ɛlæˈɡomoɡwik), што значи „нашите роднини/сојузници“.[1][2] Дел од јазиците во групата денес се изумрени.
Алгонкински | |
---|---|
Алгонкински | |
Географска распространетост: | Северна Америка |
Класификација: | алшки
|
Прајазик: | праалгонкински |
Гранки: |
рамничарски
централни
источни
|
ISO 639-2 и 639-5: | alg |
Изворна распространетост на потсемејството |
Говорниците на овие јазици (алгонкинските народи) го населуваат подрачјето од источното крајбрежје на Северна Америка до Карпестите Планини. Заеднички предок на сите нив е праалгонкинскиот, кој се говорел пред 2.500 до 3.000 години.[3] Не постои општоприфатен став за географското подрачје на кое се говорел овој прајазик.
Потсемејството опфаќа околу 30 јазици и се дели на три географски групи: рамничарска, централна и источна. Само источноалгонкинските јазици сочинуваат вистинска родословна (генетска) подгрупа.[4]
Јазиците се наведени подолу според класификацијата на Годард (1996) и Митан (1999). Мртвите јазици се обележани со †, а за грозените се означени како такви. Дијалектите и поддијалектите се обработени во статиите за секоја група.
Алгонкинските јазици се познати по својата сложена полисинтетичка морфологија и сложен глаголски систем.[5] Исказите кои зафаќаат повеќе зборови во највеќето јазици тука можат да се изразат со само еден збор. На пример, меноминскиот paehtāwāēwesew „Го слушаат виши сили“ (paeht- „слуша“, -āwāē- „дух“, -wese- пасивизатор, -w подмет во трето лице) или рамничарскокрискиот kāstāhikoyahk „нè плаши“. На нив е посветено особено вниманиево стручната јавност, од кои се издвојуваат Леонард Блумфилд, Ив Годар и други.
Јазиците од ова потсемејство разликуваат живи и неживи именки.[5] Сè уште е спорно дали ова има чисто семантичка или чисто синтаксна улога, или пак некаква мешавина од двете.
Друга поважна одлика е разликувањето на битни и споредни именки во реченицата (проксиматив и обвијатив). Битните кое оние што имаат суштинско место на задршка во исказот, а споредните се таквите кои постојат како несуштински елементи на истиот.[6]
Трите лични заменки разликуваат три лица, да броја (еднина и множина), вклучително и исклучително прво лице множина, и употреба на битни и споредни трети лица. Глаголите се подлени на четири класи: преносни глаголи со жив предмет (TA), преносни глаголи со нежив подмет (TI), непреносни глаголи со жив подмет (AI) и непреносни глаголи со нежив подмет (II).[6]
Алгонкинските јазици се присутни со поголем број заемки во англискиот бидејќи имаат подолга историја на контакт со него отколку останатите староседелски јазици на континентот. Многу од сојузни држави на истокот и Средниот Запад на земјата имаат имиња од алгонкинско потекло; такви се Масачусетс, Конектикат, Илиноис, Мичиген, Висконсин итн., но и доста градови како Милвоки, Чикаго и други. Главниот град на Канада, Отава, е наречен по истоимениот алгонкински народ Отава (Одава).
Постојат низа алгонкински поими навлезени во македонскиот јазик преку англискиот. Некои од нив се:
Поим | Изведување | Значење |
---|---|---|
вигвам | англиски: wigwam → источноабеначки: wìkəwam (оџибвејски: wiigiwaam)[7] → праалгонкински *wi·kiwa·Hmi.[8] | Колиба или шатор од кожи или кора од дрво.[9] |
Еским | англиски: Eskimo → старомонтањски: aiachkimeou ([aːjast͡ʃimeːw]; денес ayassimēw) „плетач на снегоодалки“ како назив за Микмаците.[10][11] | Припадник на домороден народ што живее во арктичките предели.[12] |
мокасина / мокасинка | англиски: moccasin → поуатански: <mockasin>,[13] реконстр. */mahkesen/[14](оџибвејски: makizin,[7] микмачки: mɨkusun,[15] → праалгонкински *maxkeseni.[16] | Вид лесни, ниски кожени обувки кои ги носеле домородците;[17] денес популарни во индустријализрана варијанта. |
опосум | англиски: opossum → поуатански: <apasum>/<opussum>/<aposoum>, „бело кучелико животно“,[18] реконстр. */aːpassem/[19] (праалгонкински: *waːp-aʔθemwa, „бело куче“).[20][21] | Вид торбар (род Didelphidae) со скапоцено крзно.[22] |
пекан | англиски: pecan → илинојски: pakani (оџибвејски: bagaan),[7] „оревест плод“ → праалгонкински: *paka·ni.[23] | Оревест плод од истоименото дрво (Carya illinoinensis). |
ракун | англиски: raccoon → поуатански: <arahkun>/<aroughcun>,[24], реконстр. */aːreːhkan/.[25] | Диво животно (Procyon lotor) со скапоцено крзно и својствени црни дамки околу очите.[26] |
тобоган | англиски: toboggan → микмачки: topaqan[27] или малиситско–пасамакводски: /tʰaˈpakən/[28] (праалгонкински: *weta·pye·kani, од *wet-, „влече“ + *-a·pye·-, „јажест предмет“ + *-kan, „средство за“).[27] | Ниска санка кај домородците; подоцна и со значење на вид поголема слизгалка.[29] |
томахавк(а) | англиски: tomahawk → поуатански: <tamahaac> (праалгонкински: *temaha·kani, од *temah-, „сече“ + *-a·kan, „средство за“).[30] | Бојна секира кај домородците.[31][32] |
тотем | животно, растение или предмет сметан за предок на племето.[33] | англиски: totem → оџибвејски: nindoodem, „мој духовен предок“ или odoodeman, „негов духовен предок“ — поим за означување на родовска припадност.[34] |
хаски | англиски: husky, од варијанта на зборот „Еским“ (погл. погоре).[35] | Куче кое се користело за влечење санки; денес и домашен миленик. |
хикори | англиски: hickory → поуатански: <pocohiquara>, кое го оревот (плодот) на ова дрво или напиток од него.[36][37] | Вид северноамерикански орев (Carya) со тешко и тврдо дрво.[38] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.