From Wikipedia, the free encyclopedia
Тотем (оџибвејски doodem) е духовно суштество, свет објект, или симбол што претставува амлблем на група луѓе, како на приемр на семејство, клан или племе.
Иако зборот тотем доаѓа од јазикот на племето Оџибве, верувањето во заштитници духови и божества не се ограничува само на американските староседелци , туку се среќава кај голем број култури ширум светот, кои имаат посебен збор на својот јазик за ваквите духови заштитници, и не ги нарекуваат со терминот „тотем“.
Во денешно време, оние што ја практикуваат племенската религија (неошаманизам, Њу ејџ и други движења) го користат изразот „тотем“.[1]
Тотемите од тихоокеанскиот северозапад на Северна Америка се столбови на хералдика. Тие имаат различни дизајни, мечки, птици, жаби, луѓе и разни натприродни суштества и водни суштества, кои имаат значење за даденото семејство или племе. Тие раскажуваат приказни за нив, а кои се поврзани со семејството.[2][3] Приказните се читаат од дното на столбот кон врвот.
Тотемизмот е верување што се поврзува со анимистичките религии. Најчесто тотемот е животно или друга фигура од природата што духовно ја претставува групата или кланот.
Шкотскиот етнолог Џон Фергусон Макленан, во својата студија Обожување на животни и растенија (1869, 1870) зборува за тотемизмот како широка појава.[4][5] Мекленан не го објаснува потеклото на овој феномен, но се обидел да укаже дека човештвото во античко време поминало низ тотемистичка фаза.[4]
Друг шкоткси научник, Ендрју Ланг, на почетокот на 20 век сметал дека номинализмот е исто што и тотемизам, односно дека групата или кланот што си одбрале тотем од царството на природата, реагирале на потребата да се разликуваат.[6] Преку митовите, животните се сметани за предци, заштитници и роднини на таа група.[6]
Британскиот антрополог Џејмс Џорџ Фрејзер објавил четири книги со наслов Тотемизам и егзогамија во 1910 година, во кои зборува за своите истражувања меѓу домородните племиња во Австралија и Океанија, но и за истражувања кои ги вршеле други научници.[7]
Во 1910 година, етнологот Александар Голденвејзер, тотемизмот го разгледувал со строга критика.[8]
Францускиот социолог Емил Диркем го разгледувал тотемизмот од социолошка и теолошка гледна точка, и сметал дека ги нашол почетоците на религијата во тотемизмот.[9]
Водечкиот британски антрополог, Алфред Ретклиф-Браун, зазел сосема различен став во врска со тотемизмот. Тој бил скептичен околу тоа дека тотемизмот може да се опише на унифициран начин.[10]
Како водечка фигура на структурализмот, францускиот етнолог Клод Леви-Строс и неговото дело Тотемизмот денес (Le Totémisme aujourd'hui, 1958 г.)[11] често е цитиран кога се работи за оваа тема.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.