Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Агадир — град во југозападен Мароко, седиште на регионот Сус-Маса-Дра. Има 924,000 жители (во 2014)[1]. Благата зимска клима (јануарски просечни дневни температури 20 °C) и добрите плажи го направија овој град главно „зимсколетно“ одредиште за северните Европејци. Сегашниот градоначалник е Тарик Кабаџ.
Градот се наоѓа на бреговите на Атлантскиот Океан, близу падините на Атласките Планини, северно од точката каде реката Сус се влева во океанот
Денес, Агадир е важно риболовно и комерцијално пристаниште, првото пристаниште за сардини во светот. Од Агадир се извезуваат и кобалт, манган, цинк и цитруси. Овој град е познат морски туристички центар со долги песочни плажи. Поради неговите високи згради, пространи патишта, модерни хотели и кафулиња во европски стил, Агадир не е типичен град на традиционалниот Мароко, а е модерен, зафатен и динамичен град. Познат е по својата морска храна и земјоделство.[2]
Градот го служи Аеродромот Ал Масира.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.