Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Gypsy Magic[1][2] (или Џипси меџик [3]) е македонски филм - мелодрама од 1997 година на режисерот Столе Попов, по сценарио на Владимир Блажевски. Филмот претставува обид да се прикаже вистинската положба на Ромите, кај кои материјалната беда стои веднаш наспроти психолошката слобода којашто треба да го претставува нивното вистинско богатство. Главните улоги ги толкуваат Бајрам Северџан, Горан Додевски, Катина Иванова, Владимир Јачев, Предраг Манојловиќ и Тони Михајловски. Добитник е на гран при за најдобар филм „Antigon D'Or“ на филмскиот фестивал во Монпелје, Франција, како и на специјалната награда од жири на филмскиот фестивал во Измир, Турција [4]. Истовремено, филмот беше и македонската понуда за номинација за Оскар за најдобар странски филм, но не успеа да влезе меѓу петте номинирани.[1] Музиката од филмот, компонирана и изведена од култниот македонски музичар Влатко Стефановски, доби високи признанија и популарност по издавањето на филмот.
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
„Џипси меџик“ | |
---|---|
Режисер | Столе Попов |
Продуцент | Владимир Анастасов Игор Нола Столе Попов Горјан Тозија |
Сценарист | Владимир Блажевски |
Главни улоги | Бајрам Северџан Горан Додевски Катина Иванова Владимир Јачев Љупка Џундева Данчо Чевревски Предраг Манојловиќ Тони Михајловски Васил Шишков Сузан Максут Младен Крстевски Џемаил Максут Салаетин Билал Петре Арсовски Беќир Нуредини |
Музика | Влатко Стефановски |
Времетраење | 135 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски Ромски |
Дејството на филмот се одвива во една ромска населба, а главните протагонисти се членовите на едно многубројно ромско семејство. Таип и Ремзија имаат шест деца, егзистенцијата ја обезбедува Таип, пребарувајќи по градската депонија и препродавајќи ги старите работи. На депонијата претендираат и други Роми, па така Таип доаѓа во конфликт со Омер, водачот на една банда, чии членови без многу размислување го користат ножот во пресметките. Бедата во којашто живее семејството не го попречува Таип да сонува, да мечтае за Индија, прататковината на сите Роми.
Едно случајно познанство со докторот Риџу, Индиец по потекло, а инаку припадник на силите на UNPROFOR во Македонија, му дава идеја како да дојде до толку потребните пари за купување коњ кој ќе го однесе семејството во Индија. Парите, меѓу другото, му се потребни и за купување голем жолт метален кревет - долгогодишна желба на Ремзија. Така започнува редицата „несреќни случки“ во семејството на Таип. Посмртниците за бабата, мајката, синовите, ги потпишува докторот Риџу, Таип ги добива парите што му следуваат од „социјалното“ за умирачките. Вака „умрените“ се осудени на живот во затворениот простор на импровизираниот дом на Таип, скриени од светлината на денот. Еден од синовите, во овие околности ја открива своја вистинска природа, па како травестит започнува љубовна врска со Индиецот Риџу.
При погребот на третиот „починат“ син Бајрам, кој се согласува да „умре“ под услов да приредат вистински закоп, Таип доцни со откопувањето и несреќата влегува во неговото семејство. Големиот мечтател Таип се соочува со несреќите што им се случуваат на неговите блиски. Земените пари не се доволни за исполнување на неговите сништа. Најпосле, во одмазда за Омер, кој е убиен од Таиповиот син Фазли, гине и Таип. Неговото тело потпрено на скалилата на товарниот вагон заминува некаде далеку од чергарската населба.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.