Џепчиште

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Џепчиштеmap

Џепчиште (албански: Xhepçishti) — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и седиште на поранешната истоимена општина. Поради својата големина и бројот на жители, Џепчиште е приградска населба на градот Тетово.

Кратки факти
Џепчиште
Xhepçishti
Thumb

Поглед кон Џепчиште

Thumb
Џепчиште
Местоположба на Џепчиште во Македонија
Џепчиште на карта

Thumb

Координати 42°1′58″N 21°0′0″E
ОпштинаТетово
Население3.338 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1212
Шифра на КО28088, 28588
Надм. вис.443 м
Џепчиште на општинската карта
Thumb

Атарот на Џепчиште во рамките на општината
Џепчиште на Ризницата
Затвори
Thumb
Грб на поранешната Општина Џепчиште.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.[2] Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.[3]

На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Џепиште живееле 465 жители, од кои 80 Македонци и 385 Албанци.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.680    
19531.835+9.2%
19612.141+16.7%
19712.645+23.5%
19813.152+19.2%
ГодинаНас.±%
199179−97.5%
19943.834+4753.2%
20024.051+5.7%
20213.338−17.6%
Затвори

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 100 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.338 жители, од кои 33 Македонци, 3.198 Албанци, 1 Турчин, 1 Влав, 2 останати и 103 лица без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.680
1953 174 1.660 1 1.835
1961 152 1.959 26 3 1 2.141
1971 81 2.554 8 2 2.645
1981 94 3.047 1 10 3.152
1991 74 1 4 79
1994 75 3.758 1 3.834
2002 81 3.934 1 35 4.051
2021 33 3.198 1 1 2 103 3.338
Затвори

Родови

Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[8]

Џепчиште е мешано македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:

  • Македонски:
  • Калановци или Стамевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
  • Клинчарој или Илиној (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Коруновци (8 к.), староседелци.
  • Лизгар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце;
  • Волчеј или Мачугој (7 к.) доселени се од Раотинце, се доселил предокот Китан.
  • Албански:
  • Ќуповци (32 к.) и Кучуговци (28 к.) најстари албански родови, доселени се во втората половина на XVIII век, по потекло се од областа Матија во Албанија;
  • Чип (25 к.) родот го основал Адем кој се доселил од Малесија во северна Албанија;
  • Скуровци (61 к.) доселени се од Љума во северна Албанија, дојдени се во втората половина на XVIII век;
  • Асаној (4 к.), Љуганџини (36 к.) и Лике или Ликовци (8 к.) доселени се од северна Албанија.[9]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.892 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Thumb
Црквата „Св. Атнасиј“

Редовни настани

Личности

  • Џеладин Мурати (р. 15 февруари 1942) - македонски педагог, унив. професор и пратеник во Собранието на Македонија
  • Мухамед Халили (р. 21 февруари 1951) - македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП.
  • Шефки Идризи (р. 1959) - македонски стопанственик и стопанственик[13]
  • Изет Зеќири (р. 2 јануари 1942) - доктор по економски науки и пратеник во Собранието на Македонија
  • Рене Реџепи (р. 1977) — дански готвач со повеќекратна титула „најдобар готвач на светот“
  • Бошко Добревски (19.10 .1950) - стопанственик од Бразил;

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.