Селото се наоѓа 1,5км под градот Виница, сместено помеѓу реките Брегалница и Осојница, на надморска височина од 385 м. Околината на селото е опфатена со оризни полиња. Со урбанизирањето на земјиштата и новградбите, Јакимово полека станува дел од градот Виница.
Според легендата селото го добило името по човекот Јоаким. Тој во летните периоди кога во селото немало вода, направил бунар. Со тоа ги снабдел селаните со вода и нарправил голема добрина на луѓето, па затоа било донесена одлука селото да го носи неговото име.
Турското население од Јакимово е иселено во Турција во 50-тите и 60-тите години на XX век.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.101 жител, од кои 1.088 Македонци, 10 Власи и 3 Срби.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 827 жители, од кои 647 Македонци, 2 Албанци, 11 Власи, 6 останати и 161 лице без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Повеќе информации Година, Македонци ...
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
282
1953
115
—
120
—
6
—
...
47
—
288
1961
267
—
27
...
...
1
...
16
—
311
1971
550
—
—
—
...
98
...
12
—
562
1981
704
—
—
—
17
—
...
—
—
722
1991
978
—
—
—
10
1
—
—
—
989
1994
915
—
—
—
12
1
—
—
—
928
2002
1.088
—
—
—
10
3
—
—
—
1.101
2021
647
2
—
—
11
—
—
6
161
827
Затвори
Родови
Јакимово е македонско село, а имало и други народности во селото.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Ромски
Фаик (1 к.) стар род во селото. Останат од турско време.
Влашки
Ѓоргијови (1 к.) и Николови (2 к.) доселени се во 1923 година, а пред тоа биле номади на Плачковица и Осогово.
Македонски
Алексови (2 к.) доселени се во турско време од селото Драгобраште.
Ѓоргеви или Пилаци (1 к.) и Стојко (1 к.) доселени се од Делчевско. Првите од Разловци, а вторите од Млаштица.
Драгутин (1 к.) Драгутин по потекло бил од Куршумлија во Србија. Бил џандар во селото Цера. А потоа таму и се оженил. Па после Втората светска војна со семејството се населил во селото Јакимово.
Турски
Реџеплар (3 к.), Ускалар (1 к.) и Оџалар (1 к.) доселени биле од селото Калиманци. Родот Реџеплар таму бил доселен од Бугарија како мухаџири.
На врвот на селото се наоѓа прекрасна црква посветена на св. Јоаким, која дава прегледна гледка на цела котлина. Црквата е познато туристичко одредиште, изградена во 2002 година на остатоци од поранешна црква.[11]
Амбарица — населба од римското време. Во нивите на северниот крај на селото, на простор од околу 100 × 60м се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл);
Блатечки Пат — населба и некропола могили од римското време. На 2км источно од селото, недалеку од утоката на Сушичка Река во Осојница, во нивите на Н. и Т. Арсови, со површина од околу 6-7 декара, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Сопствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети. Во западниот дел на наоѓалиштето се издига мало ритче, наречено Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето, во северниот крај, лежи уште една многу пооштетена могила, со пречник од околу 10м. Наодите не се зачувани;
Купелот — населба и могила од римското време. На 1км западно од селото, на десниот брег на реката Осојница, во нивите на С. Стојанов се среќава множество фрагменти од керамички садови. При обработувањето на нивите, сопственикот наоѓал темели од ѕидови ѕидани со кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се констатирани и две помали могили оштетени во поголема мера;
Селски Гробишта — средновековна некропола. Во југоисточниот дел на денешните гробишта, сместени во подножјето на ридот Баир, се гледаат гробни конструкции од средновековна некропола; и
Ќерамидница — некропола од доцноримското време. Северозападно од селото има мала долинка низ која минува селскиот пат од селото Јакимово за селото Истибања. Според информациите од Ф. Трајчев, овде при градењето на шталата биле откопани повеќе гробови со конструкции од камени плочи.
Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10декември 2021г.. Државен завод за статистика.