село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Грљани — село во Општина Виница.
Грљани | |
Координати 41°56′59″N 22°37′18″E | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 114 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2314 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05005 |
Надм. вис. | 857 м |
Грљани на општинската карта Атарот на Грљани во рамките на општината | |
Грљани на Ризницата |
Грљани е планинско село на надморска височина од 850 метри. Од градот е оддалечено 20 километри во источната страна на општината и граничи со Општина Делчево. Селото е од разбиен тип со повеќе населби.
Во 1913, во Балканската војна селото било стратешка точка, се воделе повеќе битки помеѓу Бугарија и Србија.[2]
Селото од 2009 се промовира како етно село, за привлекување туристи и спречување на пропад на селото. Преостанатото население се занимава со сточарство и земјоделие.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според Бугарот К’нчов селото во 1900 година имало 444 жители христијани.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[4]
Во 1971 селото имало 592 житела, а во 1981, 501 жител. Во 1991, бројот на жители бил 335. Според пописот од 2002 селото имало 206 жители Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 101 Македонец и 13 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 444 | — | 580 | 685 | 629 | 593 | 501 | 335 | 326 | 206 | 114 |
Грљани е македонско село.
Родови во селото: Маринци (8 к.), Стојчевци (8 к.), Трајановци (7 к.), Петревци (7 к.), Ѕвездинци (6 к.), Спасевци (6 к.), Лесовци (6 к.), Шанѓевци (5 к.), Ковачевци (4 к.), Бељовци (4 к.), Тујукџии (4 к.), Чакалци (4 к.), Цветановци (3 к.), Мајсторовци (2 к.), Натинци (2 к.) и Балинци (4 к.) за наведените родови не се знае дали се староседелски, или пак доселени со непозната старина.[11]
Во селото постоело основното училиште „Никола Парапунов“.
Во селото постои избирачкото место бр. 316 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[13]
Во средишниот дел на селото се наоѓа црквата Св. Димитриј.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.