I (старословенска кирилица: і; сп. глаголичното: ) — буква во повеќе кирилични азбуки, вклучувајќи ја старословенската, украинската и белоруската азбука, а претходно била и во руската азбука сè до реформата од 1917-1918 г. (заменета со ‹и›). Таа води потекло од старословенската буква ‹›, а уште поназад од грчката јота чијашто прототип е феникиската буква ‹› („јод“) што ја означува согласката /j/. Во глаголицата, како и во кирилицата, за звукот /i/ имало две букви: ‹› и ‹›. За првата од нив обично се смета дека ѝ соодветствувала на кириличnото ‹›, а втората на кириличното ‹і›, но постои и спротивен став.
Кирилична буква І | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кирилица | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Несловенски букви | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Словенски букви вон употреба | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Бројчената вредност на оваа буква во старословенската и црковнословенската азбука е 10.
Во некои текстови на македонски јазик напишани пред јазичните комисии (1944 г.), како на пример зборникот на браќата Миладиновци, оваа буква се употребувала еднакво како во рускиот јазик до 1917-1918 г. (в. подолу). Други текстови, пак, ја употребуваат каде што буквата ‹ј› се употребува денеска.
Руска азбука
Во руската азбука до 1917-1918 г., буквата ‹і› се употребува за бележењето на звукот /i/ пред сите самогласки и пред буквата ‹й› (Великій, Кіев итн.), пред сите јотирани самогласки (‹я›, ‹ю›, ‹е›, ‹ё›, ‹и›, на пр.: Македонія, Англія итн.) како и во зборот „мір“ кога тој значи „свет“ (сп. за мир во всем міре, „за мир во сиот свет“).
Поврзано
Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.