The Velvet Underground
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
The Velvet Underground ― американска рок-група основана во Њујорк во 1964 година. Во првиот состав на групата членувале: пејачот и гитарист Лу Рид, велшкиот мултиинструменталист Џон Кејл, гитаристот Стерлинг Морисон и тапанарот Ангус Меклајс. Иако за време на своето постоење (1964-1973) групата не била комерцијално успешна, денес критичарите ги сметаат за еден од најважните и највлијателните групи во рок, андерграунд, експерименталната и алтернативната музика.[5] [6] Нивните провокативни стихови, музичките експерименти и нихилистичкиот став биле исто така многу важни за развојот на панк-рок, њу-вејв и неколку други музички жанрови.[5]
The Velvet Underground | |
---|---|
The Velvet Underground и Нико во 1966 Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Лу Рид, Стерлинг Морисон, Џон Кејл, Мо Такер и Нико | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Њујорк, Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | velvetundergroundmusic.com |
Во 1966 година, поп-уметникот Енди Ворхол станал нивен менаџер. Тие биле куќен состав во студиото на Ворхол, The Factory. Нивниот прв албум, The Velvet Underground & Nico, со германската пејачка и манекенка Нико, бил објавен во 1967 година.[7] [8] Потоа издале уште три албуми, White Light/White Heat (1968), The Velvet Underground (1969) и Loaded (1970).
На почетокот од 1970-тите, сите членови освен Јул ја напуштиле групата. Yule предводел неуспешна турнеја во Обединетото Кралство во 1973 година и го издал последниот албум под името Velvet Underground, Squeeze (1973).
Морисон починал во 1995 година, а останатите членови во 1996 година го имале последниот настап при нивната индукција во Куќата на славните на рокенролот. Рид починал во 2013 година. Во 2004 година, Velvet Underground биле рангирани на 19-то место на листата од „100-те најголеми уметници на сите времиња“ од списанието Ролинг Стоун.[9] „Њујорк тајмс“ напишал дека „Velvet Underground“ се „веројатно највлијателната американска рок-група од наше време“.[10]