From Wikipedia, the free encyclopedia
The Cranberries — ирска рок-група формирана во Лимерик во 1989 година. Групата прво се викала The Cranberry Saw Us и во неа членувале: пејачот Ниал Квин, гитаристот Ноел Хоган, басистот Мајк Хоган и тапанарот Фергал Лоулер. Квин бил заменет од пејачката Долорес О'Риордан во 1990 година, а групата го променила името во Cranberries.[2] Жанровски групата се смета за алтернативен рок-група, но нивната музика содржи и: инди рок, пост-панк, ирски фолк и поп-рок елементи[3].
The Cranberries | |
---|---|
Noel Hogan and Dolores O'Riordan of The Cranberries in Barcelona, 2010 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | The Cranberry Saw Us (1989–1991) |
Потекло | Лимерик, Ирска |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | cranberries.com |
Поранешни членови | |
|
Групата добила меѓународна слава во 1990-тите со својот деби албум, Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?, остварувајќи голем комерцијален успех. Од Cranberries се продадени над 40 милиони плочи ширум светот. Четири од албумите се нашле во топ 20 албуми на Билборд 200 табелата(Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?; No Need to Argue, To the Faithful Departed and Bury the Hatchet)[4].
На почетокот на 2009 година, по шестгодишнна пауза, Cranberries повторно се обединиле и започнале турнеја во Северна Америка, по што следеле турнеи и во Латинска Америка и Европа[5][6]. Бендот го снимил својот шести албум Roses во мај 2011 година и го издал во февруари 2012 година. Албум што ги опфаќа претходните песни заедно со Ирскиот камерен оркестар, бил издаден во април 2017 година[7].
На 15 јануари 2018 година, пејачката Долорес О’Риордан била пронајдена мртва во хотелска соба во Лондон. Таа неодамна пристигнала во Лондон за снимање на нов материјал.
Во 1989 година, браќата Ноел и Мајкл Хоган од Лимерик ја основале групата The Cranberry Saw Us во која покрај нив членувале и тапанарот Фергал Лолер и пејачот Ниал Квин.[8] Во 1990 година, Долорес О'Риордан го заменила пејачот и на групата ѝ го дала препознатливиот звук на Cranberries. Тие снимиле демо-плоча под наслов Nothing Left at All[9] со која успеале да стекнат обожаватели во нивната татковина[10] [11] и била добро прифатена од критичарите.[12] [9]
Во 1991 година, групата потпишала договор со Island Records и го сменила името во „The Cranberries“.[13]
Кон средината на 1991 година го објавиле нивното прво EP со оваа издавачка куќа под наслов Uncertain. EP-то добило лоши критики и групата се откажала услугите на нивниот менаџер.[14] Го ангажирале Џеф Тревис како нов менаџер.[15] Нивниот втор сингл Linger и првиот албум Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We? станале први хитови за The Cranberries во Британија и САД. Третиот сингл Dreams стигнал до 14-то место во САД. На 18 јули 1994 година, Долорес О'Риордан се омажила за Дон Бартон, кој набргу потоа станал и менаџер за турнеја на Cranberries.
Истата година, Cranberries го снимиле албумот No Need to Argue, објавен на 3 октомври 1994 година. Албумот им донел уште поголема популарност во Европа и САД. Албумот ја содржи песната Zombie, песна во која се протестира против насилството меѓу католичките и протестантските екстремисти во Северна Ирска. Со ова издание тие го достигнале врвот на нивната комерцијална кариера. Песната Zombie продолжила да нижи успеси: На 18 април 2020 година, официјалното музичко видео за „Zombie“ станало прва песна на ирска група кое постигнало над една милијарда прегледи на YouTube,[16] и со тоа станало трето видео од 1990-тите,[17] и шесто видео од 20 век.[16] На 20 февруари 1995 година, Cranberries биле номинирани на Британските музички награди во категоријата „Најдобра меѓународна група“.[18] [19]
На 23 мај 1995 година, Cranberries за „Зомби“ биле номинирани за „Најдобра современа песна“ на Ајвор Новело наградите.[20] Во тоа време, групата била најизвезуван музички производ од Ирска уште од времето на U2.[21] Во 1995 година, Cranberries освоиле наградата за „Најдобри ирски изведувачи“ на Светските музички награди.[9] На 23 ноември 1995 година, Cranberries ја освоиле наградата „Најдобра песна“ за „Zombie“ на MTV Europe Music Awards во 1995 година.[22] [23] На 10 март 1996 година, Cranberries ја добиле наградата за најпродаван албум за No Need to Argue на 26-тото годишно доделување на Џуно наградите.[24] [23] [25] До крајот на 2014 година, No Need to Argue се продал во 17 милиони примероци.[26]
Третиот албум на групата To the Faithful Departed бил издаден на 30 април 1996 година; стигнал до второ место во ОК и четврто место на американската топ-листа Билборд 200.[27] [28] Албумот не успеал да го постигне успехот на неговиот претходник.[29] На 9 јуни 1996 година, Cranberries го откажале остатокот од австралискиот дел од нивната светска турнеја од 117 концерти, [30] затоа што О'Риордан повторно го повредила коленото за време на концертот во Кернс на 8 јуни.[31] Турнејата продолжила во август 1996 година во Северна Америка,[32] но не ја завршиле и ја откажале европската рунда, а како причина ја навеле „лошата здравствена состојба“ на О'Риордан.[32] [30] Таа рекла дека е исцрпена, страда од несоница, параноја и анорексија; изгубила 41 килограм.[30] [33] О'Риордан, исто така, се жалела на печатот и фотографите кои задираат во нејзиниот приватен живот. [33] Ваквите околности за малку ќе довеле до распад на групата и тие направиле пауза од една година од музиката. [33] [30]
На 9 март 1997 година, Брус Ферберн и Cranberries биле номинирани за Џуно награда за нивните дела „Free to Decide" и „When You're Gone“.[34] На 19 мај 1997 година, групата добила Ајвор Новело награда за „Меѓународно достигнување“.[32] [35] Во тоа време, Cranberries биле именувани за едни од „Најистакнатите ирски групи на сите времиња“, заедно со Ван Морисон и U2.[36]
На 19 април 1999 година, групата го издала албумот Bury the Hatchet. Cranberries потоа тргнале на светска турнеја од 110 концерти, која привлекла над еден милион обожаватели. [37] Ова било најголема и најуспешната турнеја за Cranberries.[38] Иако Bury the Hatchet добро се продавал, албумот забележал намалување на продажбата во споредба со нивните претходни изданија.
На 22 октомври 2001 година бил издаден албумот Wake Up and Smell the Coffee. Во септември 2022 бил издаден албум со најголеми хитови под наслов Stars: The Best of 1992–2002, издаден заедно со истоимено ДВД со музички спотови.
Шестиот албум на Cranberries требало да биде објавен во 2004 година. Во септември 2003 година, групата објавила дека ќе паузира одредено време за да се насочи на соло-кариерите на членовите, но и на семејството и ги прекинала сесиите за шестото студиско издание.[39]
О'Риордан, во 2004 година започнала соло-кариера и почнала да соработува со други музичари. Во 2007 година го објавила соло-албумот Are You Listening?, по кој следел No Baggage во 2009 година.[40] [41] [42] Ноел и Мајк Хоган започнале нов проект наречен Моно Бенд,[43] од кој подоцна настанал Arkitekt, и издале EP во 2007 и 2009 година.[44] [45] [46] Ноел Хоган работел како продуцент за Supermodel Twins.[47] [48] Фергал Лолер бил член на Low Network, чиј прв албум бил издаден во 2007 година.[43] [44]
The Cranberries повторно се обединиле во јануари 2009 година. О'Риордан посочила дека групата ќе свири песни од нејзините соло-албуми и многу класични хитови од Cranberries, како и некои нови композиции од групата. Во тој момент, менаџер на The Cranberries бил Дени Голдберг, поранешен менаџер на Нирвана и Курт Кобејн.[49] [50] [51]
Нивниот шести студиски албум Roses бил објавен на 27 февруари 2012 година.[52] На 18 февруари 2012 година, Cranberries со песната „Tomorrow“ настапиле на Фестивалот во Санремо. О'Риордан започнала правна постапка против Ноел Хоган во октомври 2013 година.[53] Случајот бил расчистен во јули 2015 година, а причината не била откриена. [54]
Во октомври 2016 година, Cranberries добиле BMI награда за три милиони радио-пуштања во САД на нивниот сингл „Dreams“ преземен од нивниот прв студиски албум .[55] [56] Акустичен албум на Cranberries под наслов Something Else бил издаден на 28 април 2017 година.[57] Во мај 2017 година, веднаш по европската турнеја, Cranberries морале да ги откажат преостанатите европски концерти поради здравствената состојба на О'Риордан. [58] Откажана била и турнејата во Северна Америка.[59]
На 15 јануари 2018 година, О'Риордан неочекувано починала во Лондон, Англија.[60] Таа пристигнала во Лондон за студиско миксирање на нејзиниот албум DARK и за да разговара за следиот албум на групата со издавачката куќа BMG.[61] На 6 септември 2018 година, судскиот вештак објавил дека таа случајно се удавила во кадата од нејзината хотелска соба поради седација со труење со алкохол. [62] Кон средината на септември 2018 година, Ноел Хоган го потврдил распаѓањето на групата, што се случило по објавувањето на нивниот последен албум In the End (објавен во 2019).[63] [64]
Студиски албуми
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.