Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност.[1] Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самоиот себеси. Паранојата е различна од фобиите, кои подразбираат ирационален страв, но вообичаено не подразбираат и вина кон некого.

Кратки факти Параноја, Други имиња ...
Параноја
Други имиња Параноичност
Специјалност Психијатрија, клиничка психологија
Симптоми Недоверба, лажни обвинувања
Затвори

Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон другите луѓе, исто така, честопати се дел од паранојата.[2] На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Паранојата е централен симптом на психозата.[3]

Паранојата како мотив во популарната култура

  • „Премногу паранои“ (англиски: Too Much Paranoias) — песна на американската рок-група Дево (Devo) од 1978 година.[4]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.