![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7c/Alex_Band_The_Calling_2020.jpg/640px-Alex_Band_The_Calling_2020.jpg&w=640&q=50)
The Calling
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
The Calling ― американска рок-група од Лос Анџелес основана во 1996 година. Групата ја основале фронтменот и гитарист Алекс Бенд и гитаристот Арон Камин. Нивна најпозната песна е „Whereever You Will Go“ која 23 недели била на врвот на Adult Top 40; оваа песна е на второ место во историјата на топ-листата по бројот на недели поминати на прво место. Песната подоцна била прогласена за „Песна на деценијата“ за 2000-тите на радиските поп-листи од списанието Билборд. Песната се наоѓала на првиот албум од групата, Camino Palmero (2001). Албумот добро се продавал и покрај неповолниот прием од музичките критичари.[3]
The Calling | |
---|---|
![]() Алекс Бенд на настап во живо во 2020 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | thecallingmusic.com |
Нивниот втор албум, Two (2004) бил поддржан од водечкиот сингл „Our Lives“, кој бил изведен на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри во 2004 година, а била изведена и како прва песна на 78-то доделување на Оскарите. Групата се распаднала во 2005 година, но била возобновена во 2016 година. За време на историјата на групата имало неколку промени во составот, а Бенд е единствен преостанат оригинален член.