REO Speedwagon
американска рок-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
REO Speedwagon (оригинално стилизиран како R.E.O. Speedwagon), или само REO ― американска рок-група од Шампејн, Илиноис. Групата била основана во 1967 година, стекнала следбеници во текот на 1970-тите и станала исклучително успешна во текот на 1980-тите. Нивниот најуспешен албум, Hi Infidelity (1980) бил продаден во 10 милиони примероци.[1]
Кратки факти Животописни податоци, Потекло ...
REO Speedwagon | |
---|---|
REO Speedwagon на настап во живо во Морисон, Колорадо во 2010 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Шампејн, Илиноис, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1967 (1967)–денес |
Издавачи |
|
Соработници | Styx |
Мреж. место | reospeedwagon.com |
Затвори
REO Speedwagon продале преку од 40 милиони плочи и имале 13 топ-40 хитови на Billboard Hot 100, а песните „Keep On Loving You“ и „Can't Fight This Feeling“ се искачиле на прво место на топ-листата.