From Wikipedia, the free encyclopedia
Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay,Tetã Paraguái), е независна држава во Јужна Америка без излез на море. Парагвај се граничи со Аргентина на југ и југозапад, со Бразил на исток и североисток и со Боливија на северозапад. Парагвај се наоѓа на бреговите на реката Парагвај, со своите притоки, и таа поминува низ земјата при што ја дели на два дела. Поради својата централна местоположба во Јужна Америка, Парагвај често се нарекубва „Срцето на Америка“ (Corazón de América).[8]
Република Парагвај |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Paz y justicia (шпански) "Мир и правда" |
||||||
Химна: Paraguayos, República o Muerte (шпански) "Парагвајци, република или смрт" |
||||||
Главен град (и најголем) | Асунсион 25°16′S 57°40′W | |||||
Службен јазик | шпански гварански[3][4] |
|||||
Народности (2000) | местици (мешани) ~80% белци ~20% староседелци 1-3% Азијци 1-4% црнци 1% други 1-2.5% |
|||||
Демоним | Парагваец | |||||
Уредување | унитарна претседателска уставна република | |||||
• | Претседател | Федерико Франко | ||||
• | Потпретседател | Оскар Денис | ||||
Законодавство | Конгрес | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Комора на пратеници | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | Објавена | 14 мај 1811 | ||||
• | Призната | 15 мај 1811 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 406.752 км2 (60-та) | ||||
• | Вода (%) | 2.3 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 6,454,548 [5] (103-та) | ||||
• | Густина | 14.2 жит/км2 (204-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупен | $35.346 милијарди[6] | ||||
• | По жител | $5,412[6] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупно | $21.236 billion[6] | ||||
• | По жител | $3,252[6] | ||||
Џиниев коеф. (2008) | 50.8 висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.676[7] среден · 111та |
|||||
Валута | Гварани (PYG ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-4) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC-3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .py | |||||
Повик. бр. | 595 |
Гвараните живееле на територијата на Парагвај долго време пред доаѓањето на Европејците во 16 век. Во 16 век територијата која денес е Парагвај била во склоп на Шпанската колонијална империја. Парагвај се стекнал со независност од Шпанија во 1811 година и државата била управувана од неколку диктатори кои имале изолирачки и заштитнички политики. Ваквата состојна кулминирала за време на Парагвајската војна кога државата изгубила 60 до 70% од вкупното население и голем дел од територијата. Во поголем дел од 20 век Парагвај бил под владеење на Алфредо Стреснер, чие владеење претставува едно од најдолгите воени диктаторства во Јужна Америка.
Парагвај има население од 6.3 милиони жители според проценките од 2009 година. Главен град на државата е Асунсион, кој е и најголем град во Парагвај. Службени јазици во Парагвај се шпанскиот и гаваранскиот. Двата јазика се зборувани од над 90% од населението.
Иако сè уште се смета за еден од најсиромашните и најслабо развиените држави, во 2010 година економијата на Парагвај забележала пораст од 14.5%, што е најголема економска експанзија во Јужна Америка и трета најбрзо растечка економија во светот, зад Катар и Сингапур.[9] Според податоците за 2011 година, екомонскиот развој на земјата бил 6.4%.[10]
Името на државата е според реката Парагвај која тече низ средината на земјата, од север кон југ. Има најмалку четири теории за потеклото на името на земјата.
Периодот пред колонизацијата, населението било полуномадско со богата плодна земја и богати шуми. Европејците за првпат дошле во тој регион во раниот 16 век, и Асунсион бил основан на 15 август 1537 година од шпанскиот истражувач Хуан де Салазар и Еспиноза. Градот станал центар на колонијалната покраина и центар на језуитските мисии во Јужна Америка во XVIII век. Парагвај прогласил независност откако ја отфрлил шпанската власт на 14 мај 1811.
Историјата на Парагвај е окарактеризирана со долги периоди на комунистички влади, политичка нестабилност и војни со околните држави.
Парагвај се борел во „Војната на Трите Алијанси“ против Бразил, Аргентина и Уругвај и бил поразен во 1870 по петгодишна крвава војна во Јужна Америка. Парагвај изгубил огромен број на население. Историчарот Вилијам Д. Рубинстајн проценил дека пред почетокот на војната, населението броело помеѓу 450 и 900 илјади луѓе, од кој преживеале само 220 илјади, меѓу кои било само 28 илјади возрасни мажи.[11] Покрај загубата на население, Парагвај загубил и голем дел на својата територија.
Група на парагвајски дисиденти, сместени во Буенос Аирес, го окарактеризирала Франциско Лопес како лудиот тиранин и се бореле на страната на Тројниот сојуз. Оваа група во 1869 година, под бразилско покровителство, воспоставила привремена влада и наредната година потпишала мировен договор, со кој на Парагвај му се гарантирала независност и слободна пловидба на реките. Истата година бил донесен и нов устав.
Уништен од војната, Парагвај бил на работ на распад во 1870 година. После војната парагвајското население воглавно селско, продолжило да живее како што живееле и векови наназад. Окупацијата на Парагвај траеала до 1876 година. Без обзир што веќе биле повлечени трупите на Бразил и Аргентина, тие сѐ уште имале големо влијание во Парагвај поддржавајќи две спротивставените политички опции, колорадоси и либерали. Народен републикански сојуз – партија колорадо, владеела со Парагвај од крајот на осамдесетите години на 19-от век до 1904 година кога на власт биле сменети од страна на либералите. Либералите биле под аргентинско влијание па од нивното доаѓање на власт, влијанието на Бразил на политичката сцена на Парагвај било намелено. Парагвај претрпел загуба на територија на сметка на Бразил и Аргентина. Војната за Чако се водела со Боливија во 1930-те и Боливија била поразена. Парагвај повторно прогласил независност во регионот Чако и се здобил со територијално проширување.
Парагвај е поделен со реката Парагвај во источниот дел од земјата, официјално наречен „Источен Парагвај“ или познат како Паранења и западниот регион, официјално наречен „Западен Парагвај“ или познат како Чако.
Југоисточната граница е формирана од реката Парана. Моментално е најголем центар за енергија во светот, создавајќи електрична енергија за цел Парагвај. Бидејќи пола од изворот на енергија е во сопственост на Парагвај и пола на Бразил, Парагвај има право да користи пола од капацитетот. Климата во Парагвај е тропска со врнежи во шумскиот дел.
Парагвај е претставничка демократска република, каде претседателот е на чело на државата и на владата и е повеќепартиски систем. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт е поделена на влада и на два оддела од Националниот Конгрес. Судската власт е независна.
Парагвај е поделен на седумнаесет департменти и еден главен округ. Подолу следат департментите во Парагвај:
Департментите се поделени на 129 окрузи.
Парагвај е земја во развој со индекс за развој од 0.755/ Таа е рангирана како втора најсиромашна земја во Јужна Америка со БНП по глава на жител од 4.000 американски долари. Околу 2.1 милион или 35% од неговото население е сиромашно и околу 1 милион луѓе, или околу 15.9% од населението се невразботени. Како и да е, Асунсион е рангиран како најевтин град во кој се живее.
Според ЦИА, Парагвај има население од околу 6.669.086 жители. 95% од населението на Парагвај се од мешан карактер, односно мешани луѓе од староседелци со Европејци и 5% од населението се останати. Јазикот гварани го разбираат околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај. Покрај овие, во Парагвај живее и население од европско потекло, европски доселеници и население од околните држави. Најголемо малцинство во Парагвај се бразилците а покрај нив има и околу 63.000 жители од африканско потекло, или 1% од населението.
Околу 56 % од населението на Парагвај живее во урбаните средини. Поголемиот дел живее во Источен Парагвај, околу главниот град.
Парагвај е сиромашна земја и со социјална нееднаквост. Според различни статистички податоци, помеѓу 30% до 50 % од населението е сиромашно. Во руралните области 41.20% од луѓето примаат недоволни финансиски средства за да ги покријат основните потреби, а додека во урбаните таа бројка се движи околу 27.6%. Околу 10% од населението поседуваат околу 43.8% од националниот приход, а најсиромашните околу 0.5%. 10% од населението контролира 66% од земјата, додека 30% од руралното население е без земја. Оваа нееднаквост создава големи тензии во рамките на земјата.
Јазикот гварани го разбира околу 90% од населението а додека шпанскиот го разбираат околу 75% од населението. Овие два јазика се официјални во Парагвај.
Според пописот од 2002, 89.9% од населението на Парагвај се католици, 6.2 % се евангелисти, 1.1 % останати христијани, 0.6% се со локални религии и 0.3% се други нехристијани.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.