![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/19/Nirvana_around_1992.jpg/640px-Nirvana_around_1992.jpg&w=640&q=50)
Нирвана (музичка група)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Nirvana била популарна американска гранџ група, основана во 1987 година во Абердин, Вашингтон. Со нивната рокенрол химна „Smells Like Teen Spirit“ од албумот Nevermind, тие експлодираа во мејнстримот, популаризирајќи го новиот жанр во рокенролот наречен „гранџ“ од страна на обожавателите и медиумите. Заедно со нивните врсници од Сиетл, бендовите како што се Alice in Chains, Pearl Jam, и Soundgarden, гранџот станал доминантен во музиката во периодот од почетокот на 90-тите донекаде 1997 година.
- Оваа статија се однесува на американската гранџ група Nirvana. За британскиот рок состав видете Nirvana (британски бенд). За други значења видете Нирвана (појаснување).
Nirvana | |
---|---|
![]() Членовите на Nirvana Крист Новоселиќ (лево) и Курт Кобејн на доделувањето на наградите на MTV во 1992. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Абердин (Вашингтон), САД |
Жанрови | Алтернативен рок, гранџ |
Период на активност | 1987–1994 |
Издавачи | Sub Pop DGC / Geffen |
Соработници | Fecal Matter Foo Fighters Eyes Adrift Sweet 75 The Melvins Scream |
Мреж. место | nirvanamusic.com |
Членови | |
Курт Кобејн Крист Новоселиќ Дејв Грол | |
Поранешни членови | |
Арон Буркхард Џејсон Еверман Дејл Кроувер Ден Питерс Пет Смиар Дејв Фостер Чед Ченинг |
Курт Кобејн (англиски: Kurt Cobain) од страна на медиумите бил опишуван како гласноговорник на една генерација, а неговиот бенд како знаменосци на „Генерацијата Икс“. Кобејн ја негирал таа позиција што му била доделена, и продолжил да се фокусира на музиката на својот бенд, издавајќи го нивниот трет студиски албум In Utero. Иако мејнстрим популарноста на Нирвана беше во опаѓање, нивната најверна публика останала и понатаму верна. Краткиот излет на Нирвана заврши со смртта на Кобејн во 1994, но популарноста на бендот продолжила и по неговата смрт. Осум години по смртта на Кобејн, незавршена демо снимка која што бендот ја снимил во 1994, почнала да ги освојува топ листите во 2002 година. Од нивниот почеток, сè досега, тие имаат продадено преку 50 милиони плочи, вклучувајќи 10 милиони од Nevermind само во САД.[1][2] Присутноста на Нирвана на радио станиците останува непроменета.