![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/19/Nirvana_around_1992.jpg/640px-Nirvana_around_1992.jpg&w=640&q=50)
Курт Кобејн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Курт Доналд Кобејн (20 февруари 1967 — 5 април 1994 ) — американски музичар, најпознат како водечки вокал, гитарист и текстописец на гранџ-бендот Nirvana.
Курт Кобејн Kurt Cobain | |
---|---|
![]() Кобејн на МТВ Видео Музичките Награди во 1992 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Курт Доналд Кобејн |
Познат(а) и како | Курт Кобејн |
Роден(а) | 20 февруари 1967(1967-02-20) Абердин, Вашингтон, САД |
Починал(а) | ц. 5 април 1994(1994-04-05) (возр. 27) Сиетл, Вашингтон, САД |
Жанрови | Алтернативен рок, гранџ |
Занимања | Музичар, текстописец |
Инструменти | Вокал Гитарист |
Период на активност | 1985 — 1994 |
Издавачи | Sub Pop DGC / Geffen |
Соработници | Nirvana Fecal Matter |
Значајни инструменти | |
Fender Jagstang Fender Jaguar Fender Mustang Fender Stratocaster Univox Hi-Flier |
Со песната Smells Like Teen Spirit (мак. Мириса на тинејџерски дух) од нивниот втор албум Nevermind (мак. Не е важно, 1991), бендот се стекна со светска слава, популаризирајќи го поджанрот на алтернативниот рок наречен гранџ. Повеќе други бендови од Сиетл (на пример: Alice in Chains, Pearl Jam и Soundgarden) кои во истиот период го свиреа овој вид на музика се здобија со свои обожаватели. Како резултат на тоа, во почетокот и средината на деведесеттите години од минатиот век алтернативниот рок стана доминантен жанр на радијата и музичките телевизии ширум светот. Нирвана стана група предводник на таканаречената Генерација Икс, а Курт Кобејн како водач на групата Нирвана од медиумите е обележан како гласник на генерацијата.[1] На Курт Кобејн ова не му се допаднало, па затоа се фокусира кон музиката. Тој смета дека пораката на бендот и неговата уметничка визија се погрешно сфатени, па затоа ја предизвикува публиката со третиот албум на Нирвана, In Utero (1993).
За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга, музичарката Кортни Лав. На 8 април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој претставува жртва на самонанесена истрелна рана во главата. Околностите под кои се случила неговата смрт станале интересна тема за дебата низ медиумите.