американска музичка група From Wikipedia, the free encyclopedia
New Kids on the Block (понекогаш се користи и акронимот NKOTB) ― американскa машка група од Дорчестер, Масачусетс. Групата била составена од браќата Џонатан и Џордан Најт, Џои Мекинтајер, Дони Волберг и Дени Вуд. Најголем успех New Kids on the Block постигнале во доцните 1980-ти и раните 1990-ти и продале преку 80 милиони плочи. Ним им се припишува заслугата за трасирањето на патот за следните машки групи на музичката сецена како: Take That, Backstreet Boys и NSYNC.[2] Во 1990 година освоиле две Американски музички награди: „Омилена поп/рок група или дуо“ и „Омилен поп/рок албум“.[3]
New Kids on the Block | |
---|---|
New Kids on the Block на концерт во 2008; од лево кон десно: Џои Мекинтајер, Џонатан Најт, Дони Волберг, Дени Вуд, Џордан Најт | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | NKOTB |
Потекло | Дорчестер, Масачусетс, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1984–1994, 2008–денес[1] |
Издавачи | Columbia/CBS, Interscope, The Block, NKOTB Music |
Мреж. место | nkotb.com |
New Kids on the Block биле основани во 1984 година, а биле на врвот на популарноста во 1989 година. Групата се распаднала во 1994 година. Повторно се обединиле во 2007 година за да снимат албум и за да организираат концертна турнеја во 2008 година. По ова групата објавила уште два студиски албуми и продолжила со концертни турнеи.
Групата добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2014 година.[4][5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.