Evanescence
From Wikipedia, the free encyclopedia
Evanescence (транскрипција: Еванесенс) — американска рок-група која ја составиле пеајачката/пијанистката Ејми Ли и гитаристот Бен Муди во Литл Рок, Арканзас во 1995 г.[1][2] По неколкуте приватни албуми, бендот во 2003 година го издал својот прв студиски албум наречен Fallen во соработка со издавачката куќа Wind-up Records. Продадени се повеќе од 17 милиони примероци ширум светот,[3] a групата има освоено две греми награди за овој албум.[4] Една година подоцна, во 2004 бендот го издаде својот прв албум во живо, Anywhere but Home, од кој се продадени повеќе од милион примероци ширум светот. Во 2006 тие го објавија нивниот втор албум, The Open Door од кој се продадени 5 милиони примероци.[5]
Evanescence | |
---|---|
Потекло | Литл Рок, Арканзас, САД |
Жанрови | Подолу |
Период на активност | 1995–[1] |
Издавачи | Wind-up |
Мреж. место | www.evanescence.com |
Членови | |
Ејми Ли Тери Балсамо Тим Макорд Вил "Сајенс" Хант Вил Хант | |
Поранешни членови | |
Бен Муди Дејвид Хоџес Роки Греј Џон Лекомпт Вил Бојд |
Во меѓувреме дојде до промена на составот на бендот. Бендот го напуштија: Дејвид Хоџес во 2002 година, гитаристот Бен Муди во 2003, басистот Вил Бојд во 2006, а гитаристот Џон Лекомпт и тапанарот Роки Греј во 2007. Последните две промени довеле речиси до распаѓање на бендот, со многу мал број членови на настапите во живо. Во јуни 2009 година, Ејми Ли на официјалната страна на групата објавила дека групата работи на нов албум. Магазинот Билборд го ранкирал бендот на #71 место на најдобри артисти на декадната табела.[6]